Дани Димитровска: Кога ќе заврши сето ова, ќе поседам уште некој ден на тераса…

Фото: Инстаграм

Пандемијата на коронавирусот го промени животот на целата наша планета и поради тоа повеќето од нас сме веќе со недели или месеци затворени во своите домови и ги слушаме препораките на здраствените власти. 

Факт е дека никој од нас не е навикнат со недели да седи во карантин, но кога се работи за нашето здравје и здравјето на нашите најблиски, тогаш немаме избор.

Нашите познати личности во земјата постојано преку нивните социјални мрежи повикуваат да останеме дома и да ги почитуваме препораките.

Фото: Инстаграм

„Слободен печат“ разговараше со познатата пејачка Дани Димитровска за тоа како го поминува времето во изолација.

– Седам дома. Како и сите. Си наоѓам занимации. Не тепам време, иако понекогаш во благ емотивен пад се осеќам така. Си го сакам домот, листот хартија кој трпи сѐ, терасата, цвеќињата..

С.П. Што ти недостига највеќе од секојдневието кое го имавме пред коронавирусот?

–  Безгрижноста на тема пандемија, ми фалат пријателите на кафе во локален кафич и настапите од кои живеам.

С.П. Каква поука треба да извлечеме после се ова?

– Не зимај ништо здраво за готово и биди благодарен за најмалата ситница која те прави жив овде и сега.

С.П. Што ќе направиш првиот ден кога ќе ни кажат дека може да се вратиме на секојдневниот живот?

– Ќе останам на тераса уште некој ден…

С.П. Кој филм го препорачуваш на твоите пријатели, обожаватели, колеги да го погледнат овие денови?

– Гледам биографски филмови периодов и си го подигнувам духот со индивидуи кои почнале со промена од себе и постигнале чуда (музичари, новинари, обични луѓе…) ги има безброј… само напишете биографски филмови онлајн и почнете со ред…

С.П. Каква музика слушаш периодов?

– Музика периодов пуштам од тв – vh1 и тоа кога готвам и чистам.

С.П. И за крај што би препорачала на нашите читатели?

– Седете дома и малце посвета на себе и солидарност кон другите нема да наштети никому.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот