Дани Димитровска: Аман отворете ги дискотеките, ги знаеме мерките ко оче наш! (ФОТО)

Дани Димитровска / Фото: Инстаграм

Музичката индустрија како во светот, така и кај нас е можеби најпогодената гранка досега поради пандемијата од коронавирусот.

По се изгледа тие што живеат од настапи по дискотеки, кафулиња, клубови, свадби, ќе бидат последни кои ќе започнат со работа.

Во нашата земја има многумина кои живеат од настапи и тоа им е единствен начин за егзистенција.

Дани Димитровска / Фото: Инстаграм

Една од нив е познатата пејачка Дани Димитровска која преку своите социјални мрежи апелира да се отворат дискотеките и да се организираат фестивалите, бидејќи како што таа вели, четврти месец се без работа.

Нејзиниот статус ќе ви го пренесеме во целост:

– Знам дека не му е на народот до музика дојдено но исто знам и дека истата е вистинскиот дигател на духот. Аман отворете ги дискотеките и дајте им на фестивалите слобода! Ги знаеме мерките побогу ко оче наш. 4ти месец немаме работа а тоа ни е одговорност и обврска исто ко што ја имаме како гласачко тело!, апелираше Дани на социјалните медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот