Данева: АКМИС-от не дозволува објективно оценување на судиите

Реформите во правосудството ги имаме на хартија, но не и целосно во практика, сметаат дел од претставниците на невладиниот сектор кои, преку Блупринт-групата, ја оценија реализацијата на Стратегијата за реформи 2017-2022.

Универзитетската професорка Ана Павловска Данева ги поздрави властите што успеале да усвојат клучни закони од областа на правосудството, за кои беше потребно и двотретинско мнозинство во Собранието, но воедно и ги критикуваше поради непреземањето мерки и активности што не зависат од самите закони.

-Стратегијата предвиде нови објекти за Управниот суд и Вишиот управен суд. Ова не е реализирано, иако се очекува да се случи што поскоро. Исто така се уште постојат обвинителства кои физички се во иста зграда со судовите и ова е проблем што мора да се надмине, а реализацијата не е ниту на почеток, вели Данева.

Таа порача дека, иако е ветено, досега не е поништен Законот за лустрација, а се осврна и на т.н. прочистување во правосудството.

-Тешко дека ќе може да се спроведе најновата методологија за оценување на судиите, особено врз основа на квалитативните критериуми. Постојниот АКМИС не ги содржи сите неопходни податоци, а кога би ги имал би се отстранила субјективноста при оценувањето, заклучи професорката Павловска Данева.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот