Данела Арсовска во трка за 1 000 потписи за кандидатка за градоначалничка на Скопје

Данела Арсовска / Фото: Facebook
Претседателката на Сојузот на стопански комори Данела Арсовска,  вчера најави дека ќе настапи како независна кандидатка за градоначалничка на Скопје,  а веќе од денеска почнува да собира потписи за поддршка на кандидатурата.

Јас лично сум уморна од партизација и затоа ги повикувам сите скопјани да гласаат за мене. Градоначалникот треба да е сервис на граѓаните, без разлика на партија, вера, националност, вели претседателката на Сојузот на стопански комори, Данела Арсовска, која ја објави својата кандидатура како независен кандидат за градоначалник на град Скопје.

ВМРО-ДМПНЕ ќе ја поддржи Даниела Арсовска за градоначалник на Скопје

За да влезе во изборната трка за Скопје, Арсовска треба да обезбеди најмалку 1 000 потписи, кои треба да ги собере до 30 август, кога истекува рокот за обезбедување граѓанска поддршка за потенцијалните кандидати за градоначалници.

Собирањето потписи за независни кандидати за градоначалници и за советици почна на 16 овој месец,а Арсовска се вклучи во процесот десетина дена подоцна, така што потребните 1 000 потписи треба да ги собере за пет, наместо за 15 дена.

Данела Арсовска и Перо Камиказа влегуваат во трката за Град Скопје

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот