Данела Арсовска сподели фотографија со сопругот: Знаевме дека заедно можеме наспроти сите неправди

Данела Арсовска со сопругот Ангел/ Фото: Фејсбук

Изборната комисија на Град Скопје вчера и го врачи Уверението за избор на градоначалник на Данела Арсовска, со што Град Скопје доби жена градоначалник за првпат од независноста на државата.

Денеска таа објави фотографија на својот фејсбук профил заедно со сопругот Ангел и порача дека верувала во победа уште од првиот ден.

-Во септември со храброст и одлучност знаевме дека заедно можеме наспроти сите неправди. Знаевме и дека оваа слика ќе биде спомен дека заедно верувавме во успех уште од првиот ден. Убедливо победивме.Убав ден Скопје, убав ден Македонијо, напиша таа во својата објава.

Во понеделник Арсовска официјално ќе го преземе градоначалничкиот мандат за Град Скопје, кога на свечен чин ќе биде извршено примопредавањето.

Видео на денот