Данците велат дека е готово: Ериксен го избра Интер!

фото: твитер

За неколку дена се очекува трансферот да биде реализиран, Ериксен на тој начин ги одби понудите на ПСЖ и Манчестер јунајтед.

Данскиот весник „Екстра Бладет“ објави дека Интер е блиску до договор со Тотенхем околу зимски трансфер на Кристијан Ериксен во Милано и за тоа обесштетување од околу 23 милиони евра.

Изворот вели дека и покрај некои информации, цената која лондонскиот клуб ја бара за најдобриот дански фудбалер не е 30 милиони евра.

Се чини дека околу 23 милиони евра ќе го направи „среќен“ претседателот на Тотенхем, Даниел Леви, да го пушти одличниот играч од средниот ред во јануари.

Премиерлигашот сака за што подобра цена во зимскиот период да се ослободи од услугите на својот фудбалер, бидејќи во јуни би можел да го загуби за џабе кога на Ериксен му истекува договорот и станува слободен играч.

Тренерот на „неро-аѕурите“ вели дека Данецот му е неопходен во борбата за „Скудетото“ со Јувентус.

На тој начин би продолжила доминацијата на Скандинавците кои досега доминираат во зимскиот преоден рок, Норвежанецот Халанд претходно потпиша за Борусија Дортмунд, а Швеѓанецот Златан Ибрахимовиќ се врати во редовите на Милан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот