Данас си цвет, сутра увела ружа

агим јонуз

Кој сака нека се препознае во текстов, баш ме заболе, ионака за мене викаат дека сум залутан у новинарството како сељак од провинција кој свртел накај  Кисела Вода да го бара Бит Пазар. И еве, однапред сум спремен да ми речат „ма дај бе носи се у п*зду материну“! 

Важи! Еве, се носам!

Сто посто сте ја чуле онаа песна „узми све што ти живот пружа, данас си цвет сутра увела ружа“. Оваа песна-парола е водителна на најголем број јавни личности во оваа земјичка Македонија. Поентата е проста, а тоа е „ако све краде и лаже, ќет*бам и држава и све, дај што има за мене“! Сето тоа поткрепено со податокот дека цело време додека се лаже и краде, никој не одговара, па си вика „што му ј*беш матер“. И така, стварноста влегува во филмот „не зна се ко је кога ј*бо‘,.. ко је кога туко’, а чија је крава зашла у туџу авлију‘‘. Welcome to Nowhere land!

Преџи на ствар бе, аман многу давиш со уводи!

Многу сакав во животот да бидам новинар. Уште ако успеам да стигнам некако и до главен уредник, „ептен е ташачки“. Арно ама, еднаш еден Евреин у Турција на плажа ме прашуе дали сакам да бидам тој што реди успеси и неуспеси, или сакам да бидам хроничар на туѓи? На почетокот не го разбрав, ама како течеше животот така се повеќе ја апсорбирав у мозак неговата порака и дефиниција, па така се повеќе се оддалечував од желбата да бидам новинар. Тоа што пишувам колумни е сосема случајно. Знаејки ја љубопитноста на читателот што сакал да ми каже Евреинов, еве ќе побрзам да ви ја кажам неговата дефиниција за новинар.

НОВИНАР Е САМО ХРОНИЧАР НА ТУЃИ УСПЕСИ И СЕИРЏИЈА НА ТУЃИ НЕУСПЕСИ.

Опааа „почели смо се вреџат“, што би се рекло у вицовите на Мујо и Хасо! Не бе! Како течеше времето, јас сакав да ја растресам таа теорија па си дојдов до свои заклучоци, ама и прашања. Едно од клучните прашања ми е, а каде се новинарите помеѓу сите тие туѓи успеси и неуспеси? Каде е поимот  истражувачко, аналитичко, влијателно, доследно и достоинствено – новинарство?!

У НА БАБА ТИ!.. Не треси!

Не бе, не тресам! Еве, ќе земеме предвид што се случува кај нас. Една маса новинари наместо да си ја работат својата работа следејќи, коментирајќи и известувајќи, сакајќи си ја својата професија, влегоа у „трип“ дека ако бутнат подлабоко нос каде што не им е место, ке станат „фактори“ у државата чиј збор ќе биде потежок од оној на „уќуметот“. Тоа, да! Ама некаде на друго место. За поимот слободно, независно и влијателно новинарство, Македонија е се уште „на Гиго Шупата“. Е па, ако сакаш да бидеш почитуван, читан а истовремено и влијателен, респектибилен, во Македонија има само еден рецепт! НЕ БИДИ БЕСКИЧМЕЊАК! Па макар те читале и следеле 10 души! Е, тогаш ќе бидеш повлијателен и почитуван од сите оние кои покрај анализите и коментарите од животно значење обавезно се навраќаат на прашањето дали Боки 13 денес носи улошки „со крилца, или самолепливи без крилца“! Кај поимот сериозен, влијателен и респектабилен новинар силиконите на Боки се апсолутно „непознато поле“ за муабет. 

И така, Македонија стана земја во која кога ќе треба да претставиш новинар во меѓународни рамки кој треба да ја носи тежината на „државна медиумска гордост“, Ќе дојдеш во ситуација да мислиш, мислиш, да брцнеш прст у нос да копаш и да размишљаш,  па на крај да речеш ај утре ќе ти кажам, не ми текнуе во моментов“! Ве молам, – демантирајте ме! Остајте ме мене за критика, јас сам си признавам дека сум „к*рац од овце новинар“, Па и не сум воопшто. Да,.. да.. „говна јео“. Знам!

ГЕРО! НЕ СЕ ПУПИ ДА СЕ НАОЃАШ У КОЛУМНАВА! НЕ СИ САМО ТИ! .. МИСЛАМ НОВИНАР ДЕ!

А кога сме кај тебе, морам да те прашам, жити се, дали сум во право ако речам дека новинарот е мостот помеѓу информацијата и народот? А не меѓу информацијата и државата! Народот и правата информација, јавното мнение – Кој го е*е,..а? Честопати, а тоа е докажано и во историјата, новинарите знаеле да имаат поголем углед и популарност од државните лидери. Ама, биле во функција на народот, во смисла градењето на квалитетно и и високо свесно општествено мнение, а не во служба на сопственото „его“ и пласманот на „знаеш ли кој ташак сум ја у државава, бе“!

ЏАНАМ, СЕ ТАШАК ДО ТАШАК У ДРЖАВАВА НИ МИЛА! (сосе мене, ако ти е полесно) А, на тоа србите имаат една шаљива досетка „све мој до мојега“! Да бе, да! Со све мене! Ај!.. Еее!

Гледам пред некој ден случајно шетајки по канали, Геро кај Јанко по четврт бурек у емисија. Јанко му даде бурек ама не му даде јогурт. „Јанко национале версус ГЕРО над-национале“! Не можам да верувам на очиве, и тоа двајцата у ТВ СОНЦЕ! Зарем ниту еден сериозен медиум не го покани Геро да праша „а бе дигна голема прашина, што е работава“! У меѓувреме додека ја пишувам колумнава, од кујна слушам мајка ми откачила до даска „данас си цвет сутра увела ружа“. И во еден момент гледам накај таванот у една точка и си викам „Јебо те!,.. па јели то могуче“! 

Галактичкиот часовник тече ли тече, „Македонија вечна“, така да „ич к‘р да не ти чуе“. НАТО ти ги штити границите, ЕУ ти обеќава брак, а тебе лаптопот ти трпи се!

Па ми текна, си викам дали оние двојца (шиптарски шеговито) ‘‘у телевизор‘‘ се сеќаваат на култната сцена на Малик Малкоч од „Отац на службеном путу“, кога се сеќава на зборовите на татко му, вели:

„КО НЕ ИГРА ЗА РАЈУ И ЗАНЕМАРУЈЕ ТАКТИКУ, ЗАВРШИ У ДРУГОРАЗРЕДНОМ ВРАТНИК-У‘‘!

П.С.

Геро, пардон, Г дин Героски, жими тебе ако мислев на тебе! Без разлика што знам дека кога би се прашал ти, ја никад не би можел да објавам ниедна колумна. Јас да потсетам не ги пишувам колумните за државата,.. ги пишувам за оние пред самопослуга! Јеби га! Тоа ми е нивото!

Нејсе… за две пива и 200 гр. сецкан кашкавал – толку!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот