Данас: Русија е сигурна дека Вучиќ нема да ги исполни ветувањата кон Запад

Српскиот опозициски весник „Данас” во анализа на посетата на рускиот премиер Димитриј Медведев на Белград, оценува дека таа е уште еден обид на одвојување на Србија од Евроинтегративните процеси, преку зацврстување на сојузот со Руската федерација.

Според политикологот Борис Варга, посетата на рускиот премиер се совпаѓа со најголемата криза во регионот од Охридскиот мировен договор во 2001 година. ЕУ, на последниот состанок на шефовите на држави и влади, всушност го потврди веќе постојното сомневање дека проширувањето е привремено стопирано, а Северна Македонија и Албанија се првите жртви на таа политика.

– Геополитичките околности на Западен Балкан во моментов се многу поволни за Москва, а на Русија и се отвора простор каде лесно може добро да се позиционира во однос на ЕУ и САД. ЕУ отсекогаш била инертна во решавањето на проблемите на Западен Балкан, така што се очекува САД да извршат силен политички притисок Србија да го признае Косово, за што говори назначување на дури двајца американски претставници за забрзување на решавањето на проблемот – вели соговорникот на Данас.

Прочитајте и...  „Ако затворите на Задушница, тешко вас!“

После двата клучни ордени за една година на Александар Вучиќ – Александар Невски и Свети Сава,  посочува Борис Варга, Русите можат да бидат сигурни дека претседателот на Србија нема да ги исполни ветувањата дадени на Западот и да ја признае независноста на Косово, а најверојатно нема ни да оди на поделба.

– На Москва најмногу и одговара постојниот статус кво утврден со резолуцијата 1244, бидејќи и гарантира долгогодишно присуство на Балканот, како заштитник на Србија. Српското општество е веќе длабоко поделено, а опозицијата е повеќе евроскептична од властите, а во некои случаи и русофилна. За прв пат во српската транзиција, имаме ситуација Русите во Србија да ги контролираат и власта и опозицијата – вели Варга.

Прочитајте и...  Филипче на состанок со Комисијата за заразни болести, координација за делување во жариштата на коронавирусот

Тој заклучува дека Медведев не донел ништо ново во Белград, туку само потврдил дека Русија и нуди на Србија алтернатива на ЕУ во форма на поголемо приближување на пазарот преку пристапување во Евроазискиот економски сојуз.

Според генералниот секретар на Лигата на социјалдемократите на Војводина (ЛСВ), Бојан Костреш, „официјалниот Белград и Москва забораваат дека не може да се рехабилитира национализмот и фашизмот во 90-тите, де се глорифицираат воените злосторници од тој период и да се повикува на антифашизам. Антифашизмот не се огледа само во односот во Втората светска војна, туку и во односот кон трагичните југословенски војни и злосторства од 90-тите”.

Костреш посочува дека економскиот аспект на посетата е исто толку неубедлив како и воената парада, која единствено може да послужи само за покажување „заби” на соседите. Тој потсетува дека ЕУ е главниот економски партнер со 61 процент од вкупната економска размена во 2018 година и донатор во Србија, кој досега има инвестирано 3,7 милијарди евра неповратни средства, а Русија во Србија нема сериозни инвестиции и исклучиво ги користи енергентите за брутална експлоатација.

Прочитајте и...  Јанева пред ревизорите се соблекла по долна облека, дадена и е инекција за смирување

Прочитај повеќе

Шпанија ги отвора границите за туристите од безбедните земји

Слободен печат

Уредување и разубавување на улицата на Тоше во Крушево

Слободен печат

Трагичен крај на потрагата: Киднапираната мексиканска конгресменка пронајдена мртва

Слободен печат

Авганистан и Талибанците во фокусот на Русија, Кина, Пакистан и САД

Слободен печат

Затворањето на границите ќе ја скрши економијата: Грчките лекари загрижени по пристигнување на заразени патници од Катар

Слободен печат

Во Вашингтон шести ден протести против расизмот и полициското насилство (ВИДЕО

МИА Агенција

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Инспектори спречени да направат контрола во угостителски објект, внатре бил претседател на политичка партија (ВИДЕО)

Слободен печат

Армијата ќе учествува на мировна операција во Либан

Слободен печат

Фрчкоска: Ја однеле Јанева во ДЗР без никаква најава, не и биле овозможени нејзините права

Слободен печат

Меланија се насмевна по барање на Трамп, повеќе не изгледа како киднапирана покрај него (ВИДЕО)

Слободен печат

Лукашенко ја распушти Владата на Белорусија

Слободен печат

Филипче: Рестрикцијата на движењето дополнително ќе помогне во идентификување на контактите

Слободен печат