„Данас“ открива: Што пишува во тајниот нов француско-германски предлог за Косово

Фото: Архива на „Слободен печат“

Во новата верзија на француско-германскиот предлог за решение на косовското прашање нема отстапувања од неколку основни принципи – Косово добива признавање според меѓународното право, односно членство во Советот на Европа, што е и сигурно, како и членство во Обединетите нации, додека Србија ја добива Заедницата на српските општини (ЗСО), дознава српскиот портал „Данас“ од дипломатски извори.

Во последните неколку месеци се појавија неколку верзии на овој француско-германски предлог за конечно нормализирање на односите меѓу Србија и Косово.

Содржината остана недостапна за јавноста, освен информацијата од лидерите на Европската унија дека документот е доставен до претседателот на Србија, Александар Вучиќ и до премиерот на Косово, Албин Курти.

За разлика од претседателот на Србија, премиерот на Косово немал толку значајни забелешки на предлогот, пишува „Данас”. Меѓу другото, Курти нагласи дека според таа агенда, конечниот договор треба да биде потпишан најдоцна до март следната година, што според негово толкување би значело и меѓусебно признавање на Косово и Србија.

Дипломатски извори на Данас велат дека е извесно дека во тој документ нема „награда” за полноправно членство на двете земји во ЕУ, но и дека секако има дополнителни пари, фондови и таканаречени „пушеви”.

Исто така, соговорниците на „Данас” велат дека во документот на француско-германскиот предлог е променета првичната идеја за формирање Заедница на српски општини и дека тоа нема да биде заедницата предвидена во Бриселскиот договор.

Како што неофицијално дознава и објави Данас, Александар Вучиќ има само неколку недели да се изјасни за овој предлог.

Соговорниците на Данас додаваат и дека планираниот правно обврзувачки договор ќе се сведе на обврзувачко упатство и секако нема да биде историски документ кој ќе биде пресвртница во изградбата на долгоочекуваниот траен мир меѓу двете општества.

-Дека ситуацијата е ваква говори и фактот што Вучиќ и Курти не само што не ги подготвуваат своите општества за ваков историски чекор, туку го прават спротивното, ги антагонизираат односите, носат провокативни одлуки и го игнорираат спроведувањето на веќе постигнатите договори, со што сугерирајќи дека дури и под притисок да ги стават потписите на таков документ, неговата одржливост ќе биде во најмала рака дискутабилна, објаснуваат тие.

На крајот, тие го толкуваат и предвидуваат исходот, одговорноста за долгите преговори е на ЕУ и нејзините земји-членки, кои постојано го поткопуваат сопствениот легитимитет со одложување на носењето на конечното решение и неодлучноста во однос кон популистичките режими во Белград и Приштина.

Видео на денот