Дамјан Стојановски најдобар кошаркар во Првата лига

фото: КК МЗТ Скопје

Специјализираниот сајт за кошарка ги одбра најдобрите во македонската кошарка за изминатата сезона

Капитенот на МЗТ Скопје Аеродром и член на македонската репрезентација, Дамјан Стојановски е најдобриот кошаркар во Првата лига според специјализираниот кошаркарски сајт „Евробаскет“.

Сајтот редовно ги прогласува најдобрите во сите европски национални лиги по завршувањето на сезоната, а бидејќи КФСМ донесе одлука сезоната да се прекине без шампион и да нема испаѓањето од лигата, и Македонија се најде на радарот на „Евробаскет“.

Бекот на „металците“ е најдобриот домашен и играч на годината во македонската Прва лига.

Кошаркарот на Гостивар, Ѓорѓе Џелетовиќ е избран за центар на годината, како и „Босман“ играч на годината (странски кошаркари играчи во лигите кои не потекнуваат од САД).

Кошаркарот на Кожув, Еван Пејн е најдобриот на бековската позиција, а Двејн Бенџамин од Работнички, е крило на годината во нашата елитна конкуренција.

Неговиот соиграч од Работнички, Марјан Младеновиќ е најдобриот дефанзивец, а Ѓорѓи Кочов од МЗТ Скопје Аеродром, најдобриот тренер во сезоната.

„Евробаскет“ ја одбра и најдобрата домашна петорка во која се најде место за Марјан Младеновиќ (Работнички), Адем Мекиќ (Пелистер), Дамјан Стојановски (МЗТ Скопје А), Марјан Јанески (Куманово) иБојан Крстевски (МЗТ Скопје А), и странска: Еван Пејн (Кожув), Донован Доналдсон (Гостивар), Хејден Лесколт (Работнички), Двејн Бенџамин (Работнички), Алекс Лонг (Академија ФМП).

ИГРАЧ НА ГОДИНАТА: Дамјан Стојановски (МЗТ Скопје А)
БЕК НА ГОДИНАТА: Еван Пејн (Кожув)
КРИЛО НА ГОДИНАТА: Двејн Бенџамин (Работнички)
ЦЕНТАР НА ГОДИНАТА: Ѓорѓе Џелетовиќ (Гостивар)
ДОМАШЕН ИГРАЧ НА ГОДИНАТА: Дамјан Стојановски (МЗТ Скопје)
БОСМАН ИГРАЧ НА ГОДИНАТА: Ѓорѓе Џелетовиќ (Гостивар)
СТРАНСКИ ИГРАЧ НА ГОДИНАТА: Еван Пејн (Кожув)
ДЕФАНЗИВЕН ИГРАЧ НА ГОДИНАТА: Марјан Младеновиќ (Работнички)
ТРЕНЕР НА ГОДИНАТА: Ѓорѓи Кочов (МЗТ Скопје А)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот