Дамјан Стојановски и следната сезона во дресот на МЗТ Скопје

фото: КК МЗТ Скопје

Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Дамјан Стојановски и во следната сезона ќе биде еден од лидерите на шампионот МЗТ Скопје Аеродром. Дамјан Стојановски минатата година потпиша двегодишен договор и одлучи да остане и во наредната сезона .

Одличниот бек шутер е дел од сино-белата чета уште од 2012 година, освојувајќи пет шампионски титули и шест пехари во Купот на Македонија, со напомена дека не беше дел од клубот само во сезоната 2016/17, која ја пропушти во целост поради тешката повреда претрпена во дресот на македонската репрезентација. Стојановски беше најкорисен играч на финалето од плејофот минатата сезона, признание кое го освои и двапати претходно (2014 и 2016 година). Професионалната кариера ја почна во Вардар во 2005 година, има играно уште и за охридски АМАК-СП и за бугарски Лукоил Академик.

Капитенот на МЗТ Скопје Аеродром минатата сезона во АБА2-лигата на 27 средби имаше просек од 8,9 поени и 3,4 скока како втор најдобар тројкаш (45/117) и најдобар изведувач на слободни фрлања (36/41) додека во домашното првенство на 34 натпревари просечно реализираше по 12,5 поени и 5,4 скока со најмногу постигнати тројки (64) и како втор најдобар во тимот според бројот на украдени топки (1,5 по меч).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот