Дамир Стојановиќ ќе го води Металург

Фото: РК Металург

Српскиот стратег Дамир Стојановиќ е искусен во работата со млади категории ракометари, тоа се совпаѓа со создавачкиот концепт на Металург за продукција на сопствени сили од сопствените редови.

Стојановиќ својата ракометна кариера ја почнал во белградски Земун, а продолжил во српските тимови Студентски град и Обилиќ. Интернационални ангажмани имал во турските тимови Анкара и Чанкаја Беледиеси, а бил дел од скопскиот тим Југ како и од босанскиот Грачаница.

фото: РК Металург

Својата тренерска кариера ја почнал со младите категории во Земун, а потоа во 2014 година го имал својот прв интернационален предизвик со женската екипа на Патра.

Соработувал со Штафан Олсон, Карлос Ортега, Ненад Перуничиќ и Драган Ѓукиќ. Моментно воедно работи како стручен соработник со кадетската репрезентација на Грузија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот