24.8 C
Скопје

Дами, отворете очи! Ова се најчестите лаги кои ги кажуваат мажите!

Иако повеќето од нив уште на самиот почеток пристапуваат искрено и отворено, некои едноставно мислат дека подобро ќе пројдат доколку лажат, односно „разубават“ некои работи.

Ова е листа на најчестите работи околу кои мажите лажат на првиот состанок, според порталот „YourTango“:

Финансиската состојба

Сакале тоа да го признаат или не, жените често знаат да ги судат мажите по состојбата на нивната сметка. Токму поради таа причина мажите често имаат тенденција да лажат за својата заработка или да се фалат со своите автомобили, часовникот и сличните материјални работи, мислејќи дека такс би ја импресионирале потенцијалната партнерка. Што е сосема погрешно.

Станбено прашање

Доколку веднаш на првиот состанок признае дека живее со цимер или со родителите, веројатно нема претерано да ве воодушеви. Најверојатно поради таа причина ќе каже дека живее сам, а цимерот ќе го нарече пријател на кого му прави услуга да преспие неколку дена. Доколку е поинаку, честитки, правите „муабет“ со сега-засега, океј човек.

 

Гледањето со други жени

Ова е една од најчестите лаги на првиот состанок. Секако нема да ви каже дека ден пред тоа на ваше место била друга девојка. Кој сè уште сака да се претставува како женкар? Ретко кој ќе ви признае „на прва“ дека преферира полигамија.

Фитнес навиките

Многу мажи сè уште веруваат дека изразените стомачни мускули на дамите им се „слаба точка“, па би можел да ве излаже дека баш на нив започнал да работи, петпати неделно во теретана (во која најверојатно не е ни зачленет). За среќа, постојат и мажи на кои се повеќе им станува јасно дека набилданото тело нема никогаш да биде еквивалентно на тоа што се крие позади „плочките“.

Последното раскинување

Доколку тој изневерил или направил нешто слично во својата претходна врска, многу е веројатно дека нема да дознаете наскоро, а особено не на првиот состанок. Реално, зошто воопшто би сакале да дознаете нешто на оваа тема на вашиот прв „дејт“?!

Вистинските намери спрема вас.

Можеби навистина сака да започне искрена и длабока поврзаност со вас, а можеби и ви „симнува ѕвезди“ само за да ве однесе до кревет. Навистина е тешко да се дознае, особено доколку не се познавате со него од претходно или од заеднички кругови. Во секој случај, претпазливоста е повеќе од препорачана!

Поврзани вести

ВИДЕО+ФОТО: Необичното милениче на Селма Хајек: Запознајте го бувот Керинг

Слободен печат

ВИДЕО | Филипинката Раизел Грејс Калаго има шеснаесет години, но изгледа постаро од нејзината мајка: Синдромот на прогерија ја одзема нејзината младост

Слободен печат

ВИДЕО+ФОТО | Суперхерој во Ватикан: Спајдермен се ракуваше со папата Франциск и му подари маска

Слободен печат

ВИДЕО: Погледнете го домот на Кара Делавињ, во кој е сеприсутен мотивот на вагина

М. Г.

Врвен спортист, но и „мамин син“: Роналдо ја прекинал врската со Ирина Шајк поради неговата мајка

Слободен Печат

Шер со нови детали за претстојниот биографски филм: Пејачката најави и соработка со „Saweetie“

Слободен Печат

Остави Коментар