Дамчевска и Грчевски нови селектори женските младински репрезентации

Фото: РФМ

Денес управниот одбор на Ракометната федерација ги назначи новите селектори во малдинските женски категории.

Нов селектор на ракометната селекција до 19 години ќе биде Јулијана Дамчевска, додека на ракометната репрезентација до 17 години седнува Кристијан Грчевски. Претходно, ќе потсетиме одговорен за младинските селекции беше Љубомир Савевски кој беше селектор и на сениорската репрезентација, но си замина по неуспехот во баражот за ЕП против Украина.

Репрезентацијата до 19 години ја очекува настапот на Европското првенство во кое нашата селекција ќе игра во групата Д заедно со Данска, Чешка и Црна Гора.

Во изминатиот период Дамчевска беше во редовите на Металург, додека Грчевски доаѓа од машкиот Суперлига, Бутел Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот