Дали знаевте? Одлична причина зошто Швеѓаните не излегуваат од дома во петок навечер

Фото: Jonathan NACKSTRAND / AFP / Profimedia

Швеѓаните и тоа како држат до своите ритуали. Паузата за кафе, која се нарекува фика, обично е придружена со некаков колач, како што се полжави со цимет и често служи за ресетирање од работата.

И додека фика може да се практикува секој ден, среда е денот за „мала сабота“, односно за забава со пијалаци за да се „преполови неделата“, односно побрзо поминува чекањето на викендот.

Во Шведска, lillördag или „мала сабота“ е ден кога слугинките имале слободен ден бидејќи работеле во сабота, а во модерното време денот за одмор е заменет со ден за дружење со неколку пијалаци.

Во четврток, пак, ги вадат тавите за палачинки и го чистат свинското месо од жилите за чорба од жолт грашок, која тој ден често се наоѓа и на дневните менија во рестораните.

А во петок? Петок во последните 30 години во Шведска е ден за тортиљи, пишува „Би-би-си“.

Удобниот петок или fredagsmys е синоним за ритуалниот крај на работната недела, на кауч со убав оброк. Ако тортиљите не се во игра, тоа може да биде и плескавица или пица – главната цел е да ве исполнува со среќа, топлина и (најчесто) со калории.

Наместо да остануваат до доцна на работа во петок – или на долги ноќни излегувања, крајот на работната недела се означува со некоја серија или филм, евентуално со мрзливо дружење со пријателите или семејството под ќебе.

„Би-би-си“ пренесува дека 98 отсто од Швеѓаните уживаат во петочниот ритуал барем еднаш месечно и даваат предност на fredagsmys, наместо одење во кино, театар, клубови, вежбање, готвење, па дури и секс. Експертите коментираат дека таквата навика е добра за ослободување од стресот.

Меѓу најдобрите шведски ритуали, fredagsmys е нашиот омилен кога деновите стануваат пократки, а температурите сѐ пониски.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот