Дали знаевте дека овие прекрасни цвеќиња можат да бидат многу опасни за мачките?

мачка
Фото: Unsplash / Nirzar Pangarkar

Многу сопственици на домашни миленици не се свесни дека некои видови цвеќиња можат да бидат отровни, па затоа е подобро да избегнувате да купувате одредени растенија и да не ги изложувате милениците на потенцијална опасност.

Лилјаните, особено велигденските, тиграстите, азиските, дневните и јапонските припаѓаат на растенијата кои се отровни за мачките. Ако мачката дојде во контакт со кој било дел од ова растение, вклучувајќи го и поленот, тоа може да доведе до откажување на бубрезите, а по само неколку дена да се соочи и со најлошото, смрт, пишува „Global Animal“.

Кои се симптомите?

Во првите неколку часа од труењето симптомите се повраќање, губење на апетит и депресија. Иако симптомите може да исчезнат во првите 12 часа од труењето, тоа не значи дека здравјето на мачката ќе се подобри. Бубрежна инсуфициенција обично се јавува по еден до три дена од ингестијата на отровно растение. Бубрежната инсуфициенција е опасна по живот. Мачката ќе се обиде да испие големи количини вода, но сепак ќе биде дехидрирана, а доколку не ѝ се пружи итна ветеринарна помош, може да умре во рок од три до седум дена. Доколку забележите дека мачката е отруена, веднаш однесете ја на ветеринар, кој ќе ѝ помогне да го исфрли отровот. Од друга страна, стомакот на кучињата може да отече ако јадат лилјани, но нема да развијат посериозни симптоми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот