Дали знаете за што служел малиот џеб на фармерките?

unsplash
Фото: Unsplash / Anne Nygard Ypjeqrceodk

Дали некогаш сте се запрашале која е целта на малиот џеб на класичните фармерки? Се испостави дека тој мал детаљ имал неколку различни цели низ историјата.

Компанијата „Levi`s“ првпат додале мал џеб на фармерките во 1873 година. Сепак, овој тип фармерки биле пуштени во продажба дури во 1890 година.

unsplash
Фото: Unsplash Ricardo Gomez Angel

Историчарката Трејси Панек за „Инсајдер“ откри дека малиот џеб првично бил направен за џебните часовници, кои биле популарни во тоа време.

На овој начин, каубојците ги чувале своите часовници да не им паднат од панталоните додека јаваат коњи и работат други тешки работи на ранчот.

фармерки
Фото: Unsplash / Ryan Moreno

Се разбира, речиси никој повеќе не носи вакви часовници, но голем број модни брендови кои произведуваат фармерки го задржија малиот џеб со цел да се сочува оригиналниот изглед на фармерките. Дизајнот на „Levi’s“ не е многу променет од 19 век.

„Исклучок беше кога извадија некои од малите метални делови за време на Втората светска војна бидејќи сакаа да го зачуваат металот за воени цели. Меѓутоа, подоцна почнаа да ги додаваат на фармерките“, рече Трејси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот