Дали знаете колку пиво пиеме во Македонија?

Mapo

Во овие жешки летни денови, ладно пиво е избор за многумина. Но, колку во Македонија се пие пивото во споредба со другите европски земји.

Најголеми потрошувачи на пиво во Европа, но и во светот се Чесите со 138 литри по глава на жител годишно, покажуваат податоците на Европската асоцијација на пиво „The Brewers of Europe“.

На второ место се Австријците, со 102 литри по глава на жител, а потоа следат Германците со 101 литар по жител и Полјаците со 97 литри.

Романскиот народ и Хрватите консумираат 82, односно 79 литри пиво по глава на жител за една година.
Соседните земји пак не се истакнуваат како корисниците на пиво. Во Грција потрошувачката на пиво за жител е 35 литри, а во Италија 32 литри, скоро на исто ниво како и во Албанија која е со 30 литри по жител.

Во Србија потрошувачката е 60 литри по жител, а во Македонија 40 литри по жител годишно.

Земјата со најмала потрошувачка по глава на жител во Европа е Турција со 11 литри по жител годишно, пренесува Монитор.ал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот