Дали знаете како изгледа јајце со бебе ајкула? Погледнете го видеото кое воодушеви милиони

бебе ајкула
Бебе ајкула / Фото: Принтскрин/ТикТок

Животинското царство е навистина неверојатно и фасцинантно, а научниците и до ден-денес ги откриваат неговите детали. Затоа, можеби и вие ќе бидете изненадени од тоа како изгледа јајце со бебе ајкула.

Јајце со бебе ајкула не е нешто што туку така може да го сретнете, но токму тоа му се случило на еден рибар, кој потоа решил на сите да им покаже како изгледа.

Страствниот рибар кој ги споделува своите авантури на својот тикток-профил zoo_look_fishing сподели неверојатна приказна. Имено, тој случајно нашол јајце на плажа во кое внатре била жива бебе ајкула, која воедно ја спасил од сигурна смрт.

„Ја најдов оваа малечка во јајце на плажа. Ја донесов дома со надеж дека ќе ја излечам и повторно ќе ја пуштам. Да ја оставев, ќе се исушеше и ќе умреше на плажата“, рече човекот.

@zoo_look_fishing Found this little fella in his egg on the beach! Brought it home to put in in a tank with the hopes of it hatching and to release it again. He would’ve dried out and died on the beach! #babyshark #sharkegg #grow #save #savethesea #savethesharks ♬ Get You The Moon – Kina

Во фасцинантното видео кое го погледнале над 24 милиони луѓе, се гледа необично јајце во форма на капсула, кое уште се нарекува и „чанта на сирена“, додека во него се наоѓа живо суштество.

Додека некои ајкули раѓаат младенчиња, други ги положуваат јајцата во карпи или алги.

„Со големите бранови понекогаш се „откачуваат“ и завршуваат на плажа. Ова е првпат да најдам јајце во кое има живо суштество внатре. Тие обично се празни“, вели рибарот во следното видео.

@zoo_look_fishing Our little friend is still alive and well! Really hope this little sharks survives and we can see it hatch to safely return it to the ocean. #ocean #sharkegg #babyshark #hatch #grow #saveouroceans #savethesharks ♬ Get You The Moon – Kina

Јајцето моментално го чува во сад со вода со малку песок на дното.

„Нашата мала пријателка е сè уште жива и здрава. Навистина се надевам дека ќе преживее и ќе видиме како излегува за да може безбедно да се врати во океанот“, рече тој, а потоа продолжи: „Многу луѓе ме прашаа зошто едноставно не сум го вратил јајцето во океанот. Да го направев тоа, водата пак ќе го исфрлеше и ајкулата ќе умреше. Поминаа неколку дена, таа станува посилена, па се надевам дека ќе преживее“, додаде тој.

Луѓето се воодушевени од видеото. Многумина признаа дека до сега никогаш немале можност да видат како изгледа јајце од ајкула, ниту знаеле дека ајкулите можат да несат јајце.

„Природата е толку фасцинантна, што не знаев дека ајкулите можат да несат јајца додека не го видов ова видео“, напиша еден корисник. „Мислев дека ајкулите не несат јајца. Целиот мој живот е лага“, се согласи друг, додека трети се пошегуваа дека јајцето изгледа како „Харибо гумени бонбони со вкус на кока-кола“.

Многу корисници истакнаа дека се надеваат дека ајкулата ќе преживее, и дека со задоволство ќе го
гледаат процесот на неговиот развој.

Видео на денот