Дали Заев остана должен со одговори за случајот „Монструм“, еве што одговори

Прашан од новинарите дали ги објавил сите информации што ги имал за случајот „Монструм“ премиерот Зоран Заев е дециден:

-Сите детали кои сум ги имал сум ги споделил со истражните органи на СЈО. Благодарение на тие информации случајот повторно се отвори и гледаме деновиве се завршните зборови за целиот случај Монструм. Јас тоа што го имав како информација сум го доставил на располагање, согледувања, сум го доставил на располагање, сум го споделил со јавноста, но останува на правосудните органи, како што е јавното обвинителство, по судски процеси, разгледување, нивна анализа, споредување со материјалните докази покрај аудио доказите, и секако извлекување на процесот и предметот пред сите судски инстанци за кој секако на крајот одлучува судот.
Драго ми е што овозможивме преку доставување вака нелегално прислушкувани материјали се овозможиме повторување на судски процеси со кои до крај самата вистина на случаи за кои имаше сериозен интерес од самата јавност, рече Заев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот