Дали воопшто помага дезинфекцијата на јавните површини и јавниот превоз?

epa08421682 Italian soldiers sanitize the parish's kindergarten of Nostra Signora di Lourdes during phase 2 of the coronavirus emergency, in Rome, Italy, 14 May 2020. Several countries around the world have started to ease COVID-19 lockdown restrictions in an effort to restart their economies and help people in their daily routines after the outbreak of coronavirus pandemic. EPA-EFE/CLAUDIO PERI

Ваквите работи може да им помогнат на луѓето да се чувствуваат дека се борат против коронавирусот. Но, во деновите кога бевме загрижени за тоа како да го спречиме неговото брзо ширење, експертите беа поделени околу најдобриот рецепт за оваа битка.

Сликите изгледаат многу импресивно, противпожарни возила во Техеран или Манила ги прскаат улиците. „Амазон“ ја тестира маглата за дезинфекција во магацинот, во надеж дека ќе го сузбие стравот кај работниците и дека ќе ги врати на работа.

Телевизиските реклами покажуваат дека здравствените работници ги чистат столчињата на кои седеле крводарителите. Семејствата нервозно ги бришат своите поштенски сандачиња и намирниците.

Ваквите работи може да им помогнат на луѓето да се чувствуваат дека се борат против коронавирусот. Но, во деновите кога бевме загрижени за тоа како да го спречиме неговото брзо ширење, експертите беа поделени околу најдобриот рецепт за оваа битка.

Дезинфекција на улиците во Москва Фото: ЕПА

– Нема научна основа за прскање на улици и јавни места- вели Мајкл Остерхолм, директор на Центарот за истражување и политика на заразни болести на Универзитетот во Минесота.

– Во најдобар случај, тоа е губење време и ресурси. Додека во најлош случај, само стававме средства за дезинфекција во просторот каде живееме- вели тој.

Повеќето вируси се пренесуваат преку капки, преку честички што заразено лице ги лачи од себе, а не со допирање на површини каде што можеби има вирус.

Дезинфекција на јавните површини во Колумбија Фото: ЕПА

– Пренесувањето на новиот коронавирус од контанимирани (загадени) површини не е документирано- е наведено на официјалната веб-страница на Центарот за контрола и превенција на болести, владино тело во САД.

Миењето на рацете останува многу важно – сега и секогаш, додава д-р Остерхолм. Но, за да избегнете болест, треба да се фокусирате на избегнување на другите луѓе.

Други експерти пак, не сакаат толку брзо да се откажат од дезинфекција. Едноставно има премногу недоумици, вели Марк Липшич, епидемиолог од Школата за јавно здравје на Харвард.

Дезинфекција во метро во Њујорк Фото: ЕПА

– Лично, би се изненадил доколку дезинфекцијата на јавните површини има било какво влијание, но тоа е повеќе чувство засновано врз принципи, отколку научно засновано гледиште- вели Липшиќ, истакнувајќи дека никој не го проучувал ова прашање. И, ќе биде тешко да се стори тоа, проценува тој, затоа што „секој се обидува да стори нешто, како што и треба да биде“.

За да се спроведат научни истражувања, мерките мора да се следат една по друга, за да се процени нивниот ефект. Џошува Сантрапија, асистент по патологија и микробиологија на Медицинскиот центар на Универзитетот во Небраска, ја доведува во прашање широко распространетата употреба на средствата за дезинфекција на отворено.

– Ми се чини дека тие малку претеруваат малку- вели тој за камионите што ги прскаат улиците во некои земји.

– Би рекол дека е сосема непотребно да се направи тоа надвор- вели тој.

Сепак, тој додава дека дезинфекцијата на затворен простор – на пример на аеродромите – е добра идеја.

Дезинфекција на меѓународниот аеродром Инчеон, во Јужна Кореја Фото: Епа

– Мора да бидете сигурни дека затворениот простор е деконтаминиран пред да им дозволите на луѓето да се вратат во него- вели тој.

Авиокомпаниите сè повеќе ги прскаат своите авиони со средства за дезинфекција. Градските превозници, како оние во Њујорк, Бостон и Вашингтон, исто така го практикуваат ова.

Центрите за контрола и превенција на болести издадоа и препораки на производи кои се ефикасни против коронавирус, а во исто време и безбедни.

Дезинфекција во Хонгконг Фото: Profimedia

Вирусот веројатно не може да преживее повеќе од неколку дена на повеќето површини, се вели во неодамнешната студија, па дури и ако може, не е јасно дали концентрацијата на вирусот на површината може да биде доволна за да се пренесе болеста.

Теоретски гледано, само игнорирање на некој простор на една недела ќе биде доволно за тој да се деконтаминира. Но, д-р Сантрапија е свесен дека повеќето луѓе сакаат дополнителни гаранции.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот