ДАЛИ ВИ СЕ ДОПАЃА: Еве со која топка ќе „играме“ на ЕУРО 2020! (ФОТО)

Претставена е топката со која ќе се играат натпреварите на Европското првенство во 2020 година каде што се надеваме дека ќе биде и македонската репрезентација.

Топката „Адидас Унифорија” е во традиционалното бело со црни елементи, како и со сини, жолти и розови ленти. Официјално топката беше прикажана на страницата „Фути Хедлајнс“.

Изработена е од истите материјали, од кои беше направен моделот „Телстар” со кои се играа средбите на Светското првенство 2018 година во Русија.

Потсетување дека во редовните квалификации после поразот од Полска драстично се намалија шансите, иако математички и натаму имаме шанса за второто место.

Треба да триумфираме на гости кај Австрија, а на крајот од квалификацискиот циклус и дома над Израел, но со напомена дека во последното коло ќе мора и Летонија да „игра“ за нас и да оди на три бода против Австријците.

Има уште една опција, можеби подобрата за нас, преку „Лигата на нации“ каде што ни се потребни само уште две победи да обезбедиме историски „билет“ за ЕУРО 2020.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот