Дали Украина нешто крие од САД што би можело да го реши понатамошниот тек на војната?

Џо Бајден и Володимир Зеленски
Џо Бајден и Володимир Зеленски / Фото: EPA

Украинскиот претседател Владимир Зеленски речиси секојдневно на социјалните мрежи известуваше за руската инвазија на неговата земја. Виралните видео објави ја покажаа ефикасноста на западното оружје во рацете на украинските сили, а Пентагон редовно одржуваше брифинзи за настаните од војната. Но, и покрај протокот на сите овие вести до јавноста, американските разузнавачки агенции имаат помалку информации отколку што би сакале за операциите во Украина и имаат многу подобра слика за руската војска, нејзините планирани операции и нејзините успеси и неуспеси, велат актуелните и поранешните воени функционери за Њујорк Тајмс

Фото: МИА

 

Владите често кријат информации од јавноста заради оперативна безбедност. Но, овие празнини во информациите во американската влада би можеле да ја отежнат администрацијата на Бајден да одлучи во кои делови на Украина да испрати воена помош. Американските власти рекоа дека украинската влада им дала неколку доверливи брифинзи или детали за нивните оперативни планови, но украинските власти признале дека не им кажале сè на Американците, пренесува Њујорк Тајмс.

Американската разузнавачка заедница собира информации за речиси секоја држава во светот , вклучувајќи ја и Украина. Но, американските шпионски агенции генерално ги фокусираат своите напори за собирање податоци за непријателските влади како Русија, а не на сегашните пријатели и сојузнции каква е владата на Украина. И додека Русија е главен приоритет за американските шпиони веќе 75 години, кога станува збор за Украинците, САД работеа на градење на својата разузнавачка служба, а не на шпионирање на нивната влада. Резултатите, посочуваат поранешните функционери, се неколку слепи точки и мистерии за американските разузнавачи .

„Колку навистина знаеме за тоа како е во Украина?“, вели за Њујорк Тајмс поранешната оперативка Бет Санер, . „Можете ли да најдете личност која со сигурност ќе ви каже колку војници изгубила Украина, колку опрема изгубила?“, вели таа.

Дури и без целосна слика за воената стратегија и ситуација на Украина, администрацијата на Бајден испраќа помош во оружје, како што се ракетните артилериски системи, кои Бајден ги најави минатата недела. Украина чека пристигнување на посилни западни вооружени системи, бидејќи двете страни во војната трпат големи загуби во источниот регион на Донбас.

украински војници украина
Украински војници / EPA-EFE/STR

Некои европски земји велат дека ќе биде тешко, ако не и невозможно, Украина да ја врати територијата што Русија и ја одзеде откако ја нападна во февруари, но американските разузнавачки агенции се помалку песимисти, велат официјалните лица. Сепак, има пукнатини во одбраната на Украина, а прашањата за состојбата на воените сили и стратегијата на Украина во Донбас создадоа нецелосна слика за САД.
Директорот на американското национално разузнавање,Аврил Д. Хејнс, сведочеше на сослушувањето во Сенатот минатиот месец каде изјави дека „ е многу тешко да се каже“ колкава дополнителна помош и е потребна и колкава помош може да добие Украина.

„Ние всушност имаме повеќе увид од руската страна отколку од украинската страна“, рече тој.

Едно клучно прашање е какви мерки има намера Зеленски да преземе во Донбас. Украина таму се соочува со стратешки избор: да ги повлече своите сили или да ризикува да биде опколена од Русија.
На почетокот на јуни, Зеленски ги посети линиите на фронтот и ги нарече борбите во Северодонецк – град кој е клучен за контролата на Донбас – „исклучително тешки“. Тој, исто така, призна дека секој денгина по 100 украински војници и информираше дека Русија окупирала една петтина од земјата.

Фото: принтскрин

Искрените јавни изјави на владата би можеле да бидат претходник на разговорите со населението за стратешките извори што треба да се усвојат во Донбас, велат аналитичарите.

„Веројатно постои дебата за тоа дали да се повлече одбраната што може да биде заробена доколку остане таму“, смета Стивен Бидл, професор по меѓународни односи на Универзитетот Колумбија.

Постои уште една причина за нецелосни разузнавачки информации за Украина. Облачноста ја ограничи употребата на сателити над оваа земја. Соединетите Држави и обезбедуваат на Украина редовно разузнавање, речиси во реално време за локацијата на руските сили, информации кои Украинците ги користат за планирање на ударни операции и зајакнување на нивната одбрана.

Сепак, дури и во разговорите на високо ниво со генералот Марк Мили и американскиот секретар за одбрана Лојд Остин, украинските власти ги споделуваат само нивните стратешки цели, а не нивните понатамошни оперативни планови. Украинската тајност ги принуди американските воени и разузнавачки службеници да се обидат да научат што можат да направат од другите земји за да дејствуваат во корист на Украина, пишува Њујорк Тајмс.

Северодоњецк
Северодоњецк, Украина / Фото: EPA-EFE/ZURAB KURTSIKIDZE

Украина, рекоа официјални лица, сака да претстави слика на сила и на јавноста и на блиските соработници. Владата не сака да споделува информации кои би можеле да укажат на слабеење на решителноста или да остават впечаток дека можеби нема да победи. Во суштина, украинските власти не сакаат да обелоденат информации кои би можеле да ги поттикнат САД и другите западни партнери да го забават трансферот на оружје.

Сепак, постојат и аналитичари кои сметаат дека има добри причини зошто Украина не зборува искрено за своите сили или воена стратегија.

„Не сум сигурен дека е во интерес на американската или украинската јавност Украинците да бидат отворени за нивните загуби ако резултатот е зајакнување на руските воени напори“, вели професорот Стивен Бидл од универзитет за меѓународни односи Колумбија

Сликата претставена од американските власти за тешка војна, каде ниту една од страните не постигнува решителен напредок, се чини дека е вистинита, истакнува Бидл. Сепак, јавните информации за украинските жртви, загубите на опрема и моралот се нецелосни.

украински војници украина
Украински војници / EPA-EFE/STR

Но, постои потенцијална цена ако разузнавачката заедница не може да претстави поцелосна слика пред јавноста или Конгресот за воените перспективи на Украина, рече Санер. Ако Русија продолжи да напредува, погрешното разбирање на состојбата на украинската војска може да доведе до обвинувања дека разузнавачката заедница не им дала на креаторите на политиката целосна слика за перспективите на Украина во војната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот