Дали Трамп ја повика Меланија како да е куче? Снимката од претседателот на САД и сопругата го запрепасти светот (ВИДЕО)

профимедиа

Доналд Трамп деновиве е критикуван на друштвените мрежи откако се појавила видеоснимка во која се гледа како ја довикува сопругата Меланија тапкајќи се по ногата, како што се довикуваат кучиња.

На видеоснимката објавена на Твитер се гледа како Трамп гледа во правец на Меланија и со десната рака се тапка по ногата, како што се довикуваат кучиња, пренесува Њузвик.

Објавувачот на видеото иронично напишал: „Никој не ги почитува жените повеќе од мене“ и „Овде, овде, дојди овде, жено, тоа е добро девојче.“

Како што се наведува, не е јасно што сигнализира Трамп со тапкањето и дали тоа е сигурно упатено кон неговата сопруга, но бројни корисници на Твитер го протолкувале тоа како понижувачки начин да се привлече нејзиното внимание.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот