24.8 C
Скопје

Дали Тотенхем ќе ја прифати понудата од Манчестер јунајтед за Кејн?

Прв кандидат за потписот на Хари Кејн останува Манчестер јунајтед, пренесуваат британските медиуми. Во последните неколку недели на „Олд Трафорд“ стои дилемата дали да се обезбедат услугите на англискиот репрезентативец Кејн или да го задржат Единсон Кавани, кој игра сè подобро како што се ближи крајот на сезоната.

Една работа зависи од друга и Јунајтед наводно го сака Кејн како прва опција во нападот. Доколку се реализира трансферот, Кавани би бил вишок, и обратно доколку нема ништо од доаѓањето на Кејн, на Уругваецот ќе му биде понуден нов договор.

Јунајтед не е подготвен да ги исполни финансиските услови на Леви и да плати 150.000.000 евра за Кејн. Максимумот на кој би бил подготвен Јунајтед е нешто повеќе од 100.000.000 евра, што исто така би било голем „бум“ на фудбалскиот пазар. Иако важи за најдобар центарфор во Англија, Кејн сè повеќе има проблеми со повреди на скочниот зглоб, па затоа и Тотенхем нема најдобри резултати сезонава, и се поставува прашањето дали за 28-годишен напаѓач оптоварен со повреди треба да се потрошат толку многу пари.

Фото: EPA-EFE/Michael Regan/POOL

Од друга страна, Јунајтед би му понудил на Кавани значително зголемување на заработката доколку остане на „Олд Трафорд“ – од 220.000 на скоро 300.000 евра неделно! Севкупно над 15.500.000 евра годишно, што е исто така огромна сума пари за напаѓач од скоро 35 години. Но, Оле Гунар Солскјер е задоволен од неговите игри и доколку Кејн остане недостижна цел, најверојатно и натаму ќе соработува со Уругваецот.

Во моментов нема сериозен интерес за Кејн од други клубови од европскиот континент. Кејн има постигнато 31 гол со 16 асистенции на 46 натпревари во сите натпреварувања оваа сезона.

Поврзани вести

Франција има една победа на ЕП, но и натаму е најголем фаворит за шампионската титула!

Слободен печат

Класика на „Вембли“: Ги дознавме сите осминафинални двојки на Европското првенство!

Слободен печат

ВИДЕО: Германија „преживеа“ во Минхен, Роналдо е синоним за рекорди!

Слободен печат

Клуб од шпанската „Ла Лига“ со интерес за Дарко Велковски!?

Слободен печат

Ја победија само Македонија – Украинците се најголемите „среќници“ на Евро 2020!

Слободен печат

ВИДЕО: Ѓоковиќ „гази“ и во двојки, крај за првите носители на турнирот во Мајорка!

Слободен печат

Остави Коментар