Дали топката ја помина гол-аут линијата: Сомнителен момент на мечот Јапонија – Шпанија

Јапонија за три минути направи целосен пресврт против Шпанија/фото: EPA-EFE/Abedin Taherkenareh

Откако ја урна Германија во првото коло (2:1), Јапонија на Светското првенство го совлада и вториот фаворит во групата „Е“, Шпанија и така неочекувано го освои првото место на табелата.

Азиската селекција во осминафиналната фаза ќе ги одмери силите против Хрватска следниот понеделник од 16.00 часот.

Јапонците направија целосен пресврт на стартот од второто полувреме, а крајно сомнителен е момент непосредно пред вториот гол кој го постигна Танака.

Митома на гол аут-линијата ја врати топката, асистираше до играчот на Фортуна Диселдорф кој ја затресе шпанската мрежа.

Судискиот тим предводен од Јужноафриканецот Виктор Гомес неколку минути ја разгледуваше оваа сомнителна ситуација и на крајот одлучи дека топката не ја помина гол аут-линијата и дека голот е регуларен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот