Дали сте знаеле? Ако „пајакот“ го оштети возилото при кревање, следува отштета

Подигање неправилно паркирано возило / Фото: ЈП „Градски паркинг“

Секој ден скопските „пајаци“ креваат возила кои се неправилно паркирани низ градот, на месечно ниво по неколку стотици. Но, што доколку при кревање на возилото дојде до негово оштетување, кој ќе ја плати штетата во таков случај?

– ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ има склучено договор за јавно-приватно партнерство за вршење на јавна комунална услуга отстранување, преместување на непрописно запрени и паркирани возила, хаварисани и напуштени возила и чување на истите на подрачјето на Општина Центар. Приватниот партнер со кој имаме склучено договор е одговорен за секоја направена штета при отстранување на возилото и е должен истата да ја надомести – информираат од ПОЦ.

„Градски паркинг“ пак, располага со осум сопствени „пајаци“, не користи туѓи услуги, што значи дека евентуалната штета предизвикана при кревање на автомобилот сами би ја платиле.

Секако, граѓаните треба да внимаваат каде го оставаат соптвеното возило, да не влегуваат на паркинзи за резиденти и да си плаќаат за користење на јавните паркиралишта. Во спротивно, доколку автомобилот им го подигне „пајак“ тоа навистина скапо ќе ги чини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот