Дали сте слушнале за „правилото 777“? Може да ви ја спаси врската
Можеби сте слушнале како луѓето го спомнуваат „правилото 777“ како начин да ја зајакнат својата врска со партнерот. И тоа нема никаква врска со игрите на среќа, или (за среќа) со моделите на авиони на Боинг. Наместо тоа, секоја од трите седмици одговара на зачестеноста на која паровите треба да прават три различни работи кои можат да ѝ помогнат на нивната врска.
Како што пишува „Психолоџи тудеј“ (Psychology Today), „правилото 777“ укажува дека:
На секои седум дена треба да одите на состанок/рандеву со партнерот/партнерката.
На секои седум недели, вие и вашиот партнер треба да поминете една ноќ заедно надвор од дома – во хотел или одморалиште, далеку од другите. Тоа е затоа што повеќе убави работи може да се случат кога ќе ја поминете ноќта некаде заедно.
На секои седум месеци, двајцата треба да одите на романтичен одмор. Ова треба да биде подолго од само една ноќ и повеќе од начин да побегнете од секојдневието.
Општиот принцип зад „правилото 777“ има смисла: важно е вие двајцата да поминувате квалитетно време заедно далеку од сите други.
Таквото време ви овозможува да се поврзете интелектуално, емоционално и физички. Може да добиете многу подобро чувство за тоа кој што прави и што мислите еден за друг и за вашата врска.
Инвестирањето на ова време и напор исто така ви овозможува да направите клучни промени и да ги исправите погрешните потези пред проблемите да станат покомплицирани.
Премногу често паровите раскинуваат кога овие работи не се случуваат, наведува „Психолоџи тудеј“.
Лесно е да се фокусирате на малите нешта во животот, како што е бројот на лајкови на фотографија или нередот што децата повторно го направиле, да се занемари градењето и одржувањето на емотивната врска помеѓу вас двајца.
Незадоволството, огорченоста може да расте кога не разговарате и не ги решавате проблемите. „Правилото 777“ е начин да одвоите време да се поврзете и да се потсетите зошто сте воопшто заедно.
Меѓутоа, не очекувајте дека „правилото 777“ само по себе ќе биде магично решение, советуваат психолозите.
Ова правило стана вест откако актерот Ендрју Бјукен наводно ја изневерил својата сопруга, актерката Ејми Натал.
Натал наводно му рекла на Бјукен дека мора да го следи „правилото 777 “за да остане со неа. Се разбира, само тие ги знаеле деталите и динамиката на нивната врска и што уште друго можеби правеле за да ја поправат. Но, кога изневерувањето веќе се случило во вашата врска, самото „правило 777“ нема да направи сè одеднаш да биде подобро. Двојката се разведе во 2022 година.
Исто така, немојте премногу да се фокусирате на бројот на правилото. Тоа не мора да биде точно седум дена, седум недели и седум месеци. Бројот седум е произволен. Најдобро е да го прилагодите тајмингот на таквите работи за да ви одговара и вам и на вашите околности. Можеби вашата врска има потреба од ова заедничко време да биде почесто, како што е „правилото 555“.
Некои парови може да тврдат дека таквите правила ја одземаат спонтаноста и романтиката и дека стануваат услов, обврска што мора да се исполни.
Аргументот е дека поминувањето повеќе време сами со саканата личност треба да дојде природно. Ако веќе поминувате толку многу време со вашата друга половина, тогаш ова правило не ви треба.
Но, за многумина, другите аспекти од животот можат да станат премногу бројни и да одземат премногу време на едната или на двете личности. Броевите и некој вид распоред во тие случаи може да помогнат да се фокусирате на она што е навистина важно.