Дали сте слушнале за кимчи? Трик-состојка за совршен тост со кашкавал

Тост и кимчи/Фото: Flickr/ Wikimedia Commons

Азиската кујна во последно време ги освои срцата (и непцата) на западњаците! Кимчи (kimchi) е традиционално корејско јадење, кое се состои од кисела зелка, зеленчук и разни зачини. Наликува на кисела зелка и друг закиселен зеленчук што се приготвуваат во нашите краишта.

Направен е од ферментирана кинеска зелка и друг зеленчук во маринада заснована на корејска чили паста гочујанг или чили во прав гочугару. Се карактеризира со совршено балансирана количина слатки, кисели и лути вкусови.

Кимчи е традиционален гарнир од ферментиран зеленчук, како зелка, ‘рдоква, краставици, моркови… Иако направен од широк спектар зеленчук, главната компонента му е зелката, која е ферментирана.

Обично се додава разновиден избор на зачини и зеленчуци, вклучувајќи млад кромид, лук, ѓумбир, лута пиперка итн.

Корејците веруваат дека кимчи е извор на долговечност и здравје, а американското списание „Здравје“ го вклучи во првите пет најздрави јадења во светот.

Во Кореја кимчи се јаде со сѐ. Се додава во супи, палачинки, печени компири и резанки. Одличен е и како прилог за јадења со месо и риба.

Кимчи е особено ценет во зимските месеци како додаток на разни јадења со мешунки и житарки за да нѐ загрее однатре.

Кимчи може да биде одличен додаток и на навидум обичниот тост со сирење (кашкавал). Можете да употребите различни видови сирења што се топат на сендвич – од блага моцарела до гауда до зрел чедар.

Секако, наместо кимчи, можете да ставите ферментирана зелка заедно со малку чили пиперка (или во прав), кисела краставичка, лук…

Посебен вкус на тостот ќе му даде мајонезот. Намачкајте го на парчињата леб наместо путер и препуштете се на уживањето.

Состојки:

– 60 грама рендан кашкавал по желба
– 40 грама исцедено кимчи (ферментирана зелка)
– 2 парчиња леб
– 1 лажица мајонез
– 1 лажица путер

Подготовка:

Во голема тава растопете една лажица путер, па во неа запржете го кимчито. Динстајте го само неколку минути за да се загрее ферментираната кинеска зелка.
1. Направете место во тавата и за лебот, подалеку од кимчи.
2. Надворешната страна на лебот премачкајте ја со мајонез, па ставете ја на загреана тава.
3. На двете парчиња леб ставете го ренданиот кашкавал, намалете ја температурата на ниско и печете околу пет до седум минути додека да се растопи кашкавалот.
4. Загреаното кимчи префрлете го на едното парче леб, а со другото преклопете го. Тост -сендвичот притиснете го со шпатула и оставете го термички да се обработи до крај, односно додека двете страни не добијат убава златно-кафеава боја.
5. Послужете веднаш.

Добар апетит!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот