Дали сте сексуално компатибилни со партнерот? Овие знаци покажуваат дека не сте!

Дали сексуално сте компатибилни со вашиот партнер? Дали имате чувство дека на интимен план работите не се одвиваат според очекуваното? Не се чувствувате исполнето, ниту пак сте задоволени од партнерот? Можеби одговорот се крие во вашата сексуална некомпатибилност со партнерот.

Ова се најчестите знаци кои упатуваат дека нешто не е во ред меѓу вас.

1. Ретко водите љубов

Не сте расположени за секс, а и кога го имате причина за тоа е грижата на совест, бидејќи ете долго време не сте се сексале. Тоа е првиот знак дека партнерот не ве возбудува.

2. Не уживате истовремено

Нему му одговара една, на вас друга поза и всушност го жртвувате сексуалниот однос, а тоа воопшто не е смислата на сексот.

3. Никогаш не сте спонтани

Секој сексуален чин е испланиран и договорен, па нема возбуда на исчекување, на спонтаност. Нема страст, а со тоа нема ни возбуда.

4. Не ве доведува до оргазам

Во ред е да не доживувате оргазам по секој однос, но ако ова се случува постојано очигледно е дека вашиот партнер не ги познава вашето тело и потребите. Тоа укажува на недостаток на комуникација.

5. Имате неусогласени потреби

Кога вие сакате секс, тој не сака и обратно. Вашите желби скоро никогаш не се вклопуваат и тоа резултира со сиромашен сексуален живот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот