Дали сте се запрашале: Зошто убавите жени често бираат помалку атрактивни мажи?

Научниците тврдат дека убавите луѓе намерно избираат помалку атрактивни партнери со цел помалку да се трудат околу нив. Имено, оние кои се сметаат за поубави се уверени дека помалку убавиот партнер дополнително ќе се труди за да ги задржи додека тие тоа не мора да го прават бидејќи неговиот изглед е сосема доволен за врската.

Како што пренесуваат медиумите, ова истражување го направи Џошуа Олтманс од Универзитетот во Кентаки во САД. Тој пронашол 73 пара кои биле подготвени да учествуваат во истражувањето. Меѓу останатото, истражувал и што секој партнер презема за врската да биде стабилна.

Некои го прилагодиле своето однесување со цел нивниот партнер да не изгуби интерес за нив и да побара некој друг, се труделе околу се, биле внимателни и чувствителни.

Олтманс потоа ги замолил да го оценат физичкиот изглед на својот партнер. Потоа тоа го споредил со нивото однесување и со тоа колку се трудат да го задржат партнерот.

Се испоставило дека помалку атрактивните повеќе се трудат околу своите партнери бидејќи стравуваат дека ќе ги изгубат, односно, уверени се дека тие многу полесно ќе најдат нов партнер.

Освен тоа, доколку наиде потенцијална закана во вид на маж или жена кои би можеле да им се допаднат на нивните атрактивни партнери, тие кои се сметаат за помалку убави знаат да заземат став како да сакаат да им дадат до знаење дека тоа е нивен „лов“ и дека немаат што да бараат тука.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот