Дали сте пробале солени палачинки без брашно?

палачинки
Фото: Pexels

Иако палачинките најчесто ги поврзуваме со нешто слатко, истите можете да ги комбинирате и со солени намирници. Доколку немате идеја со каков оброк да ја завршите работната недела, имаме совршен предлог за вас.

Состојки:

  • 100 г овесни снегулки
  • 100 г свежо сирење
  • 2 јајца
  • 1 лажичка прашок за печиво
  • маслиново масло или путер за пржење

За сервирање:

  • авокадо, спанаќ, домати
  • 1 јајце, кашкавал

Подготовка:

Ставете го овесот, јајцата и печивото во блендер, па миксирајте да добиете густа смеса. Ако е премногу густа, додајте малку вода и зачинете со прстофат сол. Загрејте голема тава на средна температура со малку масло или путер. Додајте тесто во тавата и печете ги додека добијат убава боја од двете страни. Послужете
ги во комбинација со јајце, авокадо или додадете свеж спанаќ.

На здравје!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот