Дали сте обожаватели на турските серии? Погледнете кој пејач од Македонија ја прави нивната музика (ВИДЕО)

Фото: Инстаграм

Веќе подолго време не објавил некоја песна за неговите фанови, но продолжува да биде активен во музичката индустрија.

Станува збор за пејачот од Скопје, Бертан Аслани, кој живее и работи веќе подолго време во Турција.

Бертан во турската држава работи на филмски проекти и е дел од разни телевизиски серии.

Телеграфи јавува дека тој во последно време бил ангажиран во еден од најпознатите филмови во Турција “Kimse Bilmez” (Кој знае), но не како актер. Бертан ја правеше музиката на оваа славна турска серија, а доби веднаш и комплименти од неговите колеги од музичката сцена.

Во овој филм во главните улоги се појавуваат Керем Џем Осзгу Каја и Енгин Хепилер.

Потсетуваме дека 29-годишниот скопјанец пред неколку години играше во многу познатата турска серија „Pis Yedili“.

Бертан се очекува да објави нови музички проекти, но најавува и нови ангажмани во турската кинематографија.

https://www.instagram.com/p/BxmsMsmhUWF/?utm_source=ig_web_copy_link

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот