Дали сте доволно фит за да бидете ФБИ агент? Овој тест ви го дава одговорот!

Доколку секогаш сте сонувале за тоа да станете агент, требате да задоволите еден куп критериуми. Еден од нив е и тестот за физичка спремност кој открива дали можат агентите да исполнат телесни задачи кои се дел од оваа работа.

„Животот на колегите и оние кои ги штитите може да зависи од вашата способност за трчање, пукање и борба, без оглед на тоа во која позиција сте“, рекол во 2015 за „The New York Times“ Џејмс Коми, тогашен управител на ФБИ.

Дали го имате она што е потребно за оваа работа можете да дознаете со помош на „FBI FitTest“ апликацијата. Според неа морате да можете да направите 58 стомачни во минута, да истрчате 400 метри за 41 секунда, да направите 71 склек, да истрчате 2,4 километри за помалку од 9 минути и направите минимално 20 згибови. Помеѓу овие вежби дозволен е 5 минутен одмор.

Сите кои ги задоволуваат овие критериуми, добиваат 50 бодови, а за да влезете во кругот каде што само би ве земале во предвид за вработување, морате да имате барем 12 бода.

„Овие информации се наоѓаат само во вашиот тлефон, а не ги добива ФБИ ниту пак ова е пријава за работа, туку само занимација за љубопитните“, стои во описот на апликацијата.

CBS наведува дека идните агенти мораат да имаат диплома и да бидат на возраст помеѓу 23 и 27 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот