Дали сте добар родител? Хармонично семејство за здрави деца

Семејството е основната нишка во која детето го осознава светот, учи и се социјализира. Воспитувањето од најмала возраст го прави почетниот стадиум на здравата детската личност.

Во системот во кој сите членови од семејството се поврзани и зависни еден од друг, младата личност се навикнува на нормите на почитување и правилата во општеството.

Индивидуалните фактори ги прават комуникацијата и толеранцијата успешни или креативни. Доколку во семејството постојат недоразбирања кај родителите, конфликти или надворешните стресогени фактори ја нарушуваат хармонијата – најмладите членови, децата ги чувствуваат тие промени. Младите се плашат од непознатото и од неочекувани промени, додека конфликтите ја нарушуваат состојбата на рамнотежа.

Децата имаат потреба од заштита и мирна средина, каде што ќе се чувствуваат безбедно, заштитено и безгрижно. Хармонијата на семејството е фактор што влијае на градењето просперитетна возрасна личност.

Кога зборуваме за хармонија, ги земаме предвид и факторите како преселба во друга населба, смрт на драга личност од семејството или промена на училиштето. Во ваква ситуација децата стануваат несигурни, бидејќи започнуваат од почеток со нови другарчиња или ја нема личноста која им дава поддршка. Затоа поддршката од семејството е најважна, како и честите објаснувања дека губитокот е дел од животот, кои се најважни за детската личност. Во овие кризни состојби освен родителската грижа, потребно е да се поразговара и со стручно лице, за да се одреди начинот на психотерапија. Воспоставувањето повторна рамнотежа со секојдневни обврски и рутина е неопходно, за враќање во нормала на функционирањето на детето.

Градењето цврта и сигурна релација помеѓу детето и личноста која се грижи за него, вклучува семејни правила, почитување на традицијата, заеднички активности во текот на денот, меѓусебно помагање, почитување, чувство на отвореност, доверба, сочувство, љубов, грижливи и внимателни меѓучовечки односи.

Колку е постабилно детското секојдневие, толку позаштитено и посигурно тоа и ќе се чувствува. Редот и навиките се важен предуслов за добра концентрација и дисциплина кај детето.

Секое семејство има свое темпо на функционирање, оригинални карактеристики и потреби, различни од потребите на секое друго семејство.

Психофизичката состојба на детето за прифаќање на светот на возрасните, овозможува правилен избор на професија и партнер во животот во иднина. Емоционалната потпора со заедничките прошетки и давањето до знаење на детето дека е сакано прави детето да ја почувствува својата важност. Со нагласувањето на потребата за навремено извршување на домашните задачи од училиште, се нагласува потребата за одговорност кај детето.

Човекот е социјално суштество и постојаните односи со блиските луѓе се важни. Доколку самото дете има потешкотии да воспоставува нови контакти, помогнете со ваши начини да успее во тоа. Можете да го направите со организирање домашни забави, запишување во спортки клуб, музика, јазици.

Развојот на детето во здрава емоционална, социјална и културна семејна средина го трасира патот на детето за правилно воспоставување на контактите, рационална контрола на импулсите и решавање на проблемите на конструктувен начин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот