Дали статистички е решена вечната дилема меѓу Лионел Меси и Кристијано Роналдо?
Долгогодишната доминација на Лионел Меси и Кристијано Роналдо во светот на фудбалот заврши пред неколку сезони, но за игрите на ова дуо сè уште многу се зборува. Има многумина кои ги сметаат Меси и Роналдо за најдобри на сите времиња и се вадат бројни статистики за да се покаже кој е напред.
Меси на натпреварот помеѓу Аргентина и Австралија го одигра својот 1000 натпревар во професионалната кариера. Роналдо до овој јубилеј стигна малку порано, а судејќи според статистиката, Аргентинецот е во предност.
Така Лео на 1000 одиграни натпревари има ефект од 789 постигнати голови, 348 асистенции и 41 освоен трофеј и е прилично пред Роналдо. Португалецот, пак, по 1000 одиграни натпревари имаше ефект од 725 гола, 216 асистенции и 31 освоен трофеј, па многумина тврдат дека Меси е дефинитивно подобар фудбалер поради тоа.
Секако, статистиката не значи ништо иако Меси е во преднот. Секогаш ќе има различни мислења и веројатно е најдобро да ги оставите другите да дебатираат кој е подобар. Во иднина оваа тема сигурно ќе биде постојано „на менито“ на многумина и двете страни ќе го имаат својот глас.
Оние од неутралната страна секогаш истакнуваат дека беше големо задоволството да се гледаат овие двајца сите овие години и сигурно е дека светот на фудбалот ќе биде многу посиромашен кога Меси и Роналдо ќе одлучат да се пензионираат.
Кристијано во февруари ќе наполни 38 години. Пред почетокот на Светското првенство во Катар спогодбено се раздели со Манчестер јунајтед, па сега се поставува прашањето кој ќе биде неговиот нов клуб.
За разлика од него, 35-годишниот Меси и натаму игра на врвно ниво. Тоа го покажува натпревар по натпревар и тој е причината поради која Аргентина е во четвртфиналето на Мундијалот.