ДАЛИ СИ СИГУРЕН: Фудбалер на Севиља го направи „најризичниот“ трансфер во светот!

фото: твитер

Карико ќе игра во дресот на Вухан Зал, клуб од град кој моментно е епицентар на смртоносниот коронавирус чија епидемија тешко се запира.

Даниел Карико, досегашниот член на шпанската екипа на Севиља направи изненадувачки трансфер.

Поради проблеми со повреда оваа сезона немаше многу минутажа, но малку кој очекуваше дека ќе го напушти андалузискиот клуб и ќе ја продолжи кариерата надвор од Европа.

Тој продолжува во Кина, поточно во дресот на Вухан, клуб од град кој моментно е епицентар на смртоносниот коронавирус чија епидемија тешко се запира.

Овој трансфер е потврден и од Севиља, наскоро играчот ќе им се придружи на своите нови тимски колеги.

Од една страна многу фудбалери и воопшто спортисти си заминуваат од Кина, исто и се одложуваат многу настани, но од друга страна Карико веќе си ја донесе одлуката.

Од 2014 година ги бранеше боите на Севиља со 89 натпревари и три голови, а во својата кариера 31-годишниот централен бек играше уште за Спортинг, Олханенсе, АЕЛ Лимасол и Ридинг.

Има воедно и еден настап за најдобрата португалска фудбалска репрезентација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот