Дали Шакира и Касиљас се новиот славен пар ? Поранешниот голман се огласи на Инстаграм

Фото: Принтскрин - Инстаграм

Фудбалерот на „Барселона“ и неговата нова девојка повеќе не се во центарот на вниманието. Главна вест во шпанските медиуми е наводната врска на познатиот голман Икер Касиљас и пејачката Шакира, поранешна девојка на фудбалерот на Барселона, Жерар Пике.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Iker Casillas (@ikercasillas)


Поранешниот капитен на фудбалскиот тим Реал Мадрид неодамна се разведе од познатата шпанска водителка Сара Карбонеро. По низата објави во медиумите, Касиљас бурно реагираше на ваквите тврдења и на Инстаграм напиша:

„Tocate las narices… Tocate las narices (допри го носот)“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gerard Piqué (@3gerardpique)

Ова е навредлив термин кој се користи во шпанскиот јазик за да се изрази незадоволство, а во конкретниов случај Касиљас го употребил да покаже колку е бесен поради овие наводи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Shakira (@shakira)


Икер Касиљас и Сара Карбонеро имаат две деца и беа во брак пет години, додека Шакира и Жерар Пике во текот на 12-годишната врска ги добија двата сина,  деветгодишниот Милан и Саша кој има седум години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот