Дали се сеќавате на улогата на Лејди Гага во „Сопранови“?

лејди гага сопранови
Фото: Принтскрин / Instagram/YouTube

Музичката ѕвезда започнува се подлабоко да плива во актерските води – откако се скраси со Оскар за нејзината прва главна улога во „The Star is Born“, сега сè повеќе се зборува за повторната можност да биде номинирано по нејзината исклучителна посветеност на улогата во неодамна излезениот „House of Gucci“. Но, дали се сеќавате на нејзините актерски почетоци? Таа да!

Лејди Гага се наврати на една од нејзините први улоги, појавувањето во серијата „Сопранови“ на „HBO“.

Неодамна во подкаст на „Entertainment Weekly“ 35-годишната актерка и пејачка се отвори за тоа како сега, после сето ова искуство во филмови и музичките спотови, може да види сè што згрешила во улогата.

Гага имаше кратко и незабележано учество во хит драмската серија, појавувајќи се како „Girl at Swimming Pool # 2“ во 3-та сезона, епизода 9.

И сега, погледнувајќи назад на таа улога, Гага размислува за тоа колку е променета како изведувач.

„Кога ќе погледнам назад на таа сцена, можам да видам што точно згрешив во таа сцена. Не знаев како да слушам во сцена! Требаше да се смеам, и тоа беше нешто како, знак, смеење…. Го гледам тоа и одам, „ох, тоа не е вистинска смеа!““, изјави Гага.

лејди гага сопранови
Фото: Принтскрин / YouTube

Гага објасни како улогата придонесе за нејзиниот пристап кон нејзината иднина на екраните.

„Нијансата да се биде специфичен како актер е нешто што може да расте со текот на времето ако сте спремни да го слушате и навистина да го слушнете другиот актер со кој работите. Гледам многу неспецифична актерка во „Сопранови“, и сега се гледам себеси како некој кој барем навистина се труди да биде специфичен без да размислува за тоа, а тоа бара многу работа предвреме“, објасни Гага.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ecodelcinema (@ecodelcinema)

Таа сега постојано се заблагодарува на нејзината учителка по глума, Сузан Батсон, со која активно работеле со месеци за улогата на Патриција Реџани пред снимањето на нејзиното последно остварување „House of Gucci“, a не изоставува и да му се заблагодари и на режисерот Ридли Скот, кој создавал совршена атмосфера за да таа може да одглуми најдобро што може.

Доколку не се сеќавате, или не сте знаеле за тоа, погледнете ја изведбата на Лејди Гага во серијата „Сопранови“. Дали ја препознавате?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот