Дали се компликува враќањето на Чави во Барселона, Лапорта го одби единственото барање на Ал-Сад

Жоан Лапорта, претседателот на Барселона/фото: EPA-EFE/Alejandro García

Барселона ги договори сите детали од договорот со Чави Ернандез да се врати во клубот во кој помина најголем дел од кариерата, но се уште не може да најде заеднички јазик со Ал-Сад каде Шпанецот е тренер.

Катарскиот тим имаше само еден услов за Барселона, на преговорите во Доха да присуствува лично за да се преговара според традиционалните катарски обичаи, односно на маса еден покрај друг да бидат претседателите на двата тима како и да се преговара за пријателски натпревар.

Но, денеска каталонските медиуми објавија дека Жоан Лапорта од Киев каде Барселона игра против Динамо во Лигата на шампионите, во Доха ќе ги испрати своите луѓе од најголема доверба, Матие Алемани и Рафаел Јусте.

Лапорта е сигурен дека се е договорено и челниците на Ал-Сад ќе се согласат Барселона да им исплати компензација во висина од милион евра, колку што пишува во договорот на Чави доколку каталонскиот тим тропне на врата.

Каталонските медиуми се сигурни дека одбивањето на Лапорта да замине во Доха нема влијае на конечниот исход и Чави во четврток ќе биде промовиран како нов тренер на Барселона, но во исто време потсетуваат колку тврди преговарачи се Катарците. Имено, сопствениците на ПСЖ, тоа е кралското катарско семејство, ја одби понудата на Реал Мадрид тешка 200 милиони евра за Килијан Мбапе иако се свесни дека идното лето напаѓачот ќе си замине бесплатно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот