Дали Путин згреши околу пандемијата на коронавирусот?

epa08379645 Russian President Vladimir Putin attends a meeting with bankers and ministers to discuss support for the national economy amid the coronavirus pandemic via teleconference call at Novo-Ogaryovo state residence, outside Moscow, Russia, 23 April 2020. EPA-EFE/ALEXEI DRUZHININ / KREMLIN POOL/SPUTNIK MANDATORY CREDIT

По релативно бавниот почеток на пандемијата во Русија, бројот на новозаболени во земјата почна да расте со голема брзина, со што таа стана втора во светот по брзината на ширење на заразата, пишува американски Форин полиси.

Лице со заштитна опрема кое работи како доставувач пешачи на празна улица во центарот на Москва / април 2020, Москва, Русија / Фото: EPA-EFE/YURI KOCHETKOV

Додека Кина смета дека нејзиниот глобален углед е тешко оштетен заради пандемијата на новиот коронавирус, САД и понатаму секојдневно бележат нови случаи и гледаат како Кина и европските земји почнуваат да ги укинуваат ограничувањата за своите жители.

Дали Путин згреши? Како и многу од неговите колеги на почетокот на пандемијата, рускиот претседател Владимир Путин можеби потцени колку лошо неговата земја може да пројде.

„Ситуацијата во целост е под контрола. Русија изгледа многу подобро во споредба со другите земји“, изјави Путин на 18 март.

Од тогаш, бројот на случаи на коронавирус непрекинато расте.

Москва, Русија / април 2020 / Фото: EPA-EFE/YURI KOCHETKOV

Сепак, и покрај големиот број на заболени, бројот на смртни случаи е изненадувачки низок во однос на другите земји со сличен број на заразени, а се претпоставува дека тоа е заради рускиот метод на класификација, на пример, во САД доколку умре пациент кој е позитивен на коронавирус, се смета дека умрел од вирусот, а не од друга болест.

Во Русија, причината за смртта мора директно да е поврзана со вирусот, како откажување на белите дробови, за да се стави на листата починати од Ковид-19.

Лица гледаат во фотографиите на починати руски лекари од ковид-19 истакнати пред центарот за здравје во Санкт Петерзбург / 11 мај 2020, Русија / Фото: EPA-EFE/ANATOLY MALTSEV

„Сметам дека Русија брои точно, додека други како Италија, Белгија и САД претеруваат“, изјави докторот Андреј Чернјајев, кој и помагал на здравствената организација на Москва да ги состави правилата за класификација на смртност од коронавирусот.

Одговорот на коронавирусот не му помогнал на Путин кој го планираше наредниот мандат пред избивање на пандемијата.

Иако Путин и понатаму има висока поддршка, таа е на најниско ниво од пред 20 години кога за прв пат дојде на власт, а неодамнешната анкета покажа дека има поддршка на 59 отсто од граѓаните.

 Владимир Путин во жолта заштитна опрема во посета на болницата Комунарка во Москва / 24 март 2020, Москва, Русија / EPA-EFE/ALEXEI DRUZHININ / SPUTNIK / KREMLIN POOL MANDATORY CREDIT

Кремљ соопшти дека не може во потполност да се верува на резултатите од анкетата, а ФП заклучува дека Путин, можеби, имајќи ги во предвид овие резултати, почна да ги ублажува одредени мерки воведени заради спречување на ширењето на коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот