Дали промајата навистина може да нè убие? Еве што вели медицината

И покрај загушливите простории, поединци не дозволуваат да влезе малку воздух ако во исто време се отворени и прозорецот и вратата. Сето тоа поради стравот од „страшната“, но невидлива појава – промајата, на која ѝ се припишуваат вкочанетоста, воспаленијата, главоболките.

Под промаја се смета циркулирање на воздухот меѓу два спротивно поставени прозорци или прозор и врата. Меѓутоа, брзата циркулација на воздухот има сосема ист ефект и на друго место. Значи, нашето тело не ја препознава промајата, туку само струењето на воздухот.

„Дали негативно ќе влијае на нашиот организам зависи од многу фактори, меѓу кои пресудно влијание има загреаноста на телото, надворешната температура и влажноста на воздухот. Промајата, односно забрзаното струење на воздухот може да доведе до нагло разладување, промена во циркулацијата на мускулите и појава на болка како последица. Болките обично се јавуваат во пределот на вратот, кој е најизложен на струењето на воздухот. Може да дојде и до парализа на нервот на лицето, сметаат некои невролози. Промените на изложените делови на телото најдобро можат да се забележат при работа на клима уреди, доколку сте директно изложени“, објаснува специјалистот по интерна медицина, д-р Ивица Јеремиќ за Информер.

Сепак, експертите сметаат дека често стравот од промајата е претеран.

„Јас имам обичај да им кажам на пациентите дека оние што се плашат од промаја умираат од рак на белите дробови. Во многу згради од градежниот материјал се ослободува радиоактивниот гас радон кој е поврзан со настанување на ракот на белите дробови. Неговата концентрација се намалува единствено со редовно проветрување на просториите. Исто така од мебелот се ослободуваат мали количини органски соединенија кои се потенцијално токсични, вели Јеремиќ.

Меѓутоа, неопходно е да се направи промаја за просторот да се исчисти, како во лето, така и во зима.

„Респираторните инфекции не се добиваат со настинка од ладен воздух како што обично се мисли, туку со престој во затворен непроветрен простор во кој расте концентрацијата на инфективните микроорганизми“, смета Јеремиќ.

Докторот исто така наведува дека лицата кои боледуваат од некои хронични дегенеративни ревматски болести се почувствителни на ваквото струење на воздухот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот