ФОТО+ВИДЕО | Дали принцот Вилијам знае да пишува?

Принцот Вилијам
Принцот Вилијам / Фото: Profimedia

Дали идниот крал знае да пишува? Принцот Вилијам сподели видео од себеси на кое се гледа како го пишува воведот на својата нова книга на античка машина за пишување, и ги збуни фановите кои се прашуваат дали знае како?

39-годишниот Војвода од Кембриџ изведе кратко патување во минатото и се одлучи воведот на својата книга за глобалната климатска криза да ја истипка на ретро машина за пишување.

Но, фановите одговорија со зачуденост зошто тој куца само со два прста:  дел од нив се шегуваа следниот пат да користи лаптоп, додека останатите го подржаа забележувајќи дека тоа што користи мануелна машина наместо лаптоп кој користи електрична енергија е еколошки и во полза за планетата.

Книгата на која работи принцот е насловена „Земјен Истрел: Како да ја Спасиме Нашата Планета“, и е обид на принцот Вилијам да ги предупреди денешните и идните генерации за климатската криза која се заканува на човештвото и како прва книга на наградата „Earthshot“ користи истражувања кои докажуваат дека сè уште можеме да ја спасиме планетата доколку работиме сите заедно.

„Во воведот на „Земјен Истрел: Како да ја Спасиме Нашата Планета“, сакав да ги споделам раните разговори во 2018 кои доведоа до создавањето на Наградата & едноставната равенка која ја доловува мојата теорија зад @EarthshotPrize: Итност + Оптимизам = Акција. Достапна 30ти септември“ – објави принцот Вилијам на службениот твитер профил.

Споменатата книга како дел од иницијативата на наградата „The Earthshot prize“ има за цел да постави насока за сопирање на глобалната климатска криза до 2030 година и со тоа да се подобри животот на луѓето на планетата Земја.

Како коавтори се јавуваат Колин Батфилд, кој е поранешен извршен директор на „WWF“, и познатиот продуцент и режисер Џони Хјус. Издавањето на книгата ќе биде проследено и „BBC One“ серија изработена од дуото, која во пет епизоди ќе се фокусира на различни аспекти од наградата вредна 50 милиони фунти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот