Дали „Пријателите“ воопшто би биле снимени во 2020 година?

Profimedia
Profimedia

Од „Нетфликс“ објавија дека за време на карантинските денови, серијата „Пријатели“ била најгледаната во понудата на нивната платформа. Импресивен податок за серијата чија последна епизода е снимена одамна.

Но, прашање е дали „Пријатели“ би биле популарни доколку се појавеа годинава или дали воопшто овој ТВ-проект ќе беше снимен според истото сценарио?

Еден од главните проблеми на серијата, што секако на многумина им пречи, е фактот дека сите главни улоги им се доделени на белци. Освен што главните глумци беа белци, исто така и голем број споредни ликови беа толкувани од бели актери. Две Афроамериканки имаа мала улога, а и двете беа во врска со Џои и со Рос, што доведе до напнатост меѓу пријателите. Иако приказната е во Њујорк, град со разновидна популација, многубројните сцени не ја прикажуваат таа реалност.
Една од ретките улоги што ги глумеа глумци со „друга боја на кожата“ беше Џули, девојката на Рос, од втората сезона. Рејчел ја исмеваше и се однесуваше како Џули за првпат да стапнала во Америка. За цела среќа, Џули трпеливо одговори дека пораснала во Њујорк.

Profimedia

Истовремено семејството на Џои е прикажано како типични италијански доселеници – апсолутен стереотип. Неговата баба не кажа ниту еден збор на англиски јазик, без оглед на тоа што цел живот го поминала во Њујорк.

Во екот на полова рамноправност и движењето за правата на жените, тешко дека ликот на Џои Трибијани, кој е ултимативен заводник, би можел да добие зелено светло од денешните продуценти.

IMDB

Менталните проблеми не треба да бидат претставени како нешто смешно, затоа што навистина не се смешни. Но, во серијата ликовите им се смееја на луѓе што се лекуваат од алкохол, луѓе што не ги покажуваат своите чувства, а Фиби во еден момент зборуваше за гласови во нејзината глава.

Фиби остана запаметена како симпатична и малку чудна, но верна пријателка. Но, низ серијата се откриваа шокантни приказни за тоа како ги малтретирала луѓето. Со нож избодела полицаец, го ограбила Рос и во повеќе наврати им се закануваше на постари жени.

Фото: Принтскрин/Јутјуб

Од една страна, славните пријатели беа пред своето време затоа што имаа толку хомосексуални ликови на екранот. Од друга страна, хомосексуалците често беа предмет на исмевање.

Очигледно е дека од завршувањето на последната сцена на популарната серија, имаме очигледен општествен дискурс на тоа што некогаш било прифатливо како хумор, а денеска е очигледна навреда за многумина.

Фото: Профимедиа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот