Дали повторно ќе биде отворен случај за силување против Асанж? Сѐ ќе се знае во понеделник!

Фото: EPA/STRINGER

Шведскиот државен обвинител во понеделник ќе објави дали повторно ќе се објави прелиминарна истрага околу наводниот случај за силување, кој се водеше против Џулијан Асанж.

„Обвинителот ќе ја објави својата официјална одлука на конференција за новинари“, соопшти Обвинителството, пренесуваат медиумите ширум светот.

Асанж беше уапсен минатиот месец во Лондон, откако амбасадата на Еквадор му го укина азилот.

Пред четири години Шведското обвинителство соопшти дека се откажува од истрага против основачот на „Викиликс“ за два случаи за сексуално злоставување, бидејќи биле застарени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот