Дали последната Штафета на младоста го навести распадот на Југославија? (ФОТО+ВИДЕО)

Денот на младоста во Југославија се славеше на денешен ден – 25 мај, датум што е прогласен за роденден на Јосип Броз Тито, иако тој е роден на 5 мај. На Денот на младоста низ цела Југославија се носеше Штафетата на младоста, учесниците ја носеа во рацете и трчаа со неа низ цела Југославија, а на 25 мај му ја врачуваа на Тито.

Facebook

Штафетата на младоста е воведена во 1945 година на предлог на младината на Крагуевац, како Титова штафета. Првите штафети Тито ги преземал во Загреб, а во годините по 1956, лично ги примал последните носители на штафетата пред Белиот двор во Белград, со свечен дочек на плоштадот.

Facebook

На иницијатива на Тито во 1957 година настанот е наречен Ден на младоста.

Штафетата на младоста во 1980 година, која во пресрет на одбележувањето на 88-от роденден на Тито, на 4 мај, денот на неговата смрт, се затекнала на патот низ Хрватска, го прекинала својот пат и положена е на неговиот одар.

Прочитајте и...  Ковид-19 зема замав, рекорден број новозаболени и оздравени во државава
facebook

Сите штафети што се носени во текот на 42 години, се чуваат во Музејот на Југославија во Белград.

facebook

Последната Штафета на младоста се носеше во 1987 година, а околу нејзиниот дизајн и денес се шират различни теории, според кои таа донекаде го навестила распадот на Југославија, па поради тоа и денес привлекува посебно внимание, пишува 24 Сата.хр.

Таа година дизајнот на штафетата и идејното решение на плакатот за Денот на младоста му било доверено на љубљанското дизајнерско студио „Нов колективизам“.

Плакатот на „Нов колективизам“/ Facebook
Плакатот на Ричард Клајне/принтскрин/германинтернатионал

И самата штафета, во облик на градба на четири столба, која било тешко да се носи, навестувала поинаков пристап на членовите на „Нов колективизам“ за споменатата манифестација.

Скандалот избил кога е откриено дека плакатот за Денот на младоста е всушност незначително изменета верзија на нацистичкиот плакат на Ричард Клајне од 1936 година.

Прочитајте и...  ИНТЕРВЈУ Зоран Заев: Ќе има за сите, а за пензионерите плус 4.500 денари месечно!

„На почетокот апсолутно никој не ја препозна поврзаноста. Прво Словенското младинско претседателство се идентификуваше со нашиот плакат, а после тоа и целата младинска организација на Југославија. И тогашните генерали беа задоволни. На нив тоа многу им се допадна. Добро се сеќавам на еден генерал кој изјави дека му е мило што на постерот има мускулесто момче, а не некоја апстракција. Но кога поврзаноста е откриена, настанаа проблеми. Бевме изненадени што се подигна таква прашина, сите весници пишуваа за тоа.Тоа не ни беше логично бидејќи знаевме колку на генералите и на другите претставници на тогашниот еднопартиски режим плакатот им се допадна, го појаснил овој настан Роман Урањек, член на „Нов колективизам“ во проектот „ВласТИТО искуство“ (Културен центар РЕКС и Самиздат Б92)

Прочитајте и...  Филипче: Ќе отпочнат подготовки за ослободување на дел од капацитетите во ГОБ „8 Септември“
facebook

Кога станало јасно дека ова решение на словенечката уметничка група не може да се употреби, за потребите на одбележувањето на Денот на младоста во 1987 година, дополнително е изработен нов плакат.

Што се однесува до штафетата, таа била од пластика, иако дотогаш сите штафети биле правени од благородни материјали. Залудно уметниците се обидувале да објаснат дека пластиката го симболизира футуризмот. „На нож“ било дочекано и тоа што на врвот на штафетата стојат 8 црвени точки, кои требало да ги симболизираат републиките и покраините во Југославија. Некои тоа го толкувале како закана дека во југословенските републики и покраини ќе протече крв и навестување за настаните кои следеа на просторите на бивша Југославија во деведесеттите години.

 

Прочитај повеќе

Северина во мини фустан ја „заскокотка“ фантазијата на фановите! (ФОТО)

Слободен Печат

Песната која беше најголемиот летен хит на Европа! (ВИДЕО)

Слободен Печат

ТРАГЕДИЈА: 28-годишно момче се удави во езерото „Младост“

Слободен печат

Едно од најскандалозните интервјуа во Холивуд: Вил Смит и Џејда Пикет Смит јавно разговараа за неверството! (ВИДЕО)

Слободен Печат

Забележана интересна промена кај Меган Маркл: Ова е новата омилена боја на војвотката која испраќа силна порака! (ВИДЕО)

Слободен Печат

Девојка од Тетово е 24-годишниот пациент починат од Ковид-19: Попуштило срцето и добила тромбоемболија

Мирослава Бурнс

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Најстариот син на Дејвид и Викторија Бекам се вери со прекрасната актерка Никола Пелц! (ФОТО)

Слободен Печат

Овие 5 раси на кучиња го имаат најубавото влакно! (ФОТО)

Слободен Печат

Контроверзна и незаборавна, имала страшно детство, стотина љубовници, а од скршеното срце никогаш не се опоравила

Слободен печат

Често настинувате, уморни сте, анксиозни? Можеби ви фалат овие витамини

Слободен печат

Илон Маск пред Ворен Бафет, го зазема седмо место на листата на милијардери на „Блумберг”

Слободен печат

Стил на неделата: Илина Арсова, планинарка, алпинистка и ликовна уметница

Ј.К.Д