Дали по изборите на Франција и се заканува политичка криза?

франција избори макрон ле пен
Парламентарни избори во Франција / Barrere / AFP / Profimedia

На Франција и се заканува политичка парализа, предупредува дневниот весник Le Monde, по вториот круг од парламентарните избори во кои партијата на претседателот Емануел Макрон го загуби апсолутното мнозинство во парламентот.

Десничарскиот дневен весник „Фигаро“ смета дека резултатите произвеле „нов мртов мандат“ на Макрон, а на насловната страница на левичарската Либерасион се вели дека резултатите претставуваат „пад“ на начинот на владеење на Макрон.

ВИДЕО | Андоновиќ: Неуспех на „макронијата“ и губење на апсолутното мнозинство во парламентот – рекорден број гласови за политичкотo семејство Ле Пен

Според прелиминарните резултати на француското Министерство за внатрешни работи, коалицијата на Макрон „Заедно“ освоила 38 отсто од гласовите, 245 од 577 пратенички места. За апсолутно мнозинство во францускиот парламент потребни се 289 пратенички места.

Жан Лук Меланшон / EPA-EFE/YOAN VALAT

Коалицијата на левичарските и еколошките партии, Новиот народен еколошки и социјален сојуз (Нупе), предводена од социјалистот Жан-Лук Меланшон, се најде на второ место со 31 отсто од гласовите и 131 место.

Со 17% од гласовите, екстремно десничарското Национално собрание (РН) Марин Ле Пен постигна многу подобар резултат од очекуваниот, освојувајќи 89 пратенички места и е трета политичка сила во идниот парламент на Франција.

Мари ле Пен / EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Републиканците се четврти со 7,10 отсто од гласовите или 64 пратенички места. Вториот круг од изборите во неделата повторно беше одбележан со невообичаено слаба излезност на Франција. Гласаа само околу половина од малку повеќе од 48 милиони гласачи.

Дополнителен проблем преставува и најавата на Француската левичарска коалиција „Нупе“ која најави дека планира на 5 јули да поднесе барање за недоверба на владата на францускиот претседател Емануел Макрон.

Гласање на изборите во Франција /  EPA-EFE/YOAN VALAT

Нупес , , по вчерашните парламентарни избори, стана втора по големина политичка групација во Долниот дом на парламентот, но нема доволно гласови за да ја усвои иницијативата за недоверба и има малку сојузници во многу фрагментираниот парламент, истакнува Ројтерс.
Судејќи според изјавите на изборната ноќ, Жан Лук Меланшон и Марин Ле Пен, соработката со нивните групи не е можна. Жан-Лук Меланшон го поздрави „тоталното распаѓање на претседателската партија“.

Емануел Макрон гласа на изборите /  EPA-EFE/Michel Spingler / POOL MAXPPP OUT

Макрон сега се соочува со посложени можности. Повеќето набљудувачи и медиуми веруваат дека ќе се обидат да формираат коалициски сојуз со десничарските републиканци. Математички, двете групи на тој начин би го достигнале мнозинството, но тоа не би било стабилно.

Републиканскиот претседател Кристијан Џејкоб јасно стави до знаење дека нема да има лесно партнерство, велејќи дека неговата партија има намера „да остане во опозиција“. Други веруваат дека неговата партија ќе владее и ќе донесе закони врз основа на ад хок договори, додека некои веруваат дека решението е во нови избори. Тоа решение се смета за најмалку веројатно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот