ДАЛИ ПАЛАДИУМОТ Е ИДНИНАТА НА ИНВЕСТИРАЊЕТО? Цената скокна за дури 70 проценти, надминувајќи го златото

Во текот на изминатата година, цената на паладиумот скокна за дури 70 проценти, а на почетокот на годинава, цената на овој скапоцен метал ја надмина цената на златото.

Цената на златото во моментов е околу 1.450 долари за унца, додека цената на паладиумот надмина 1.650 долари за унца во септември.

Зошто овој метал е толку вреден и скап?

Паладиумот и платината се користат како катализатори за контрола на емисијата на гасови при согорување на горивото. Паладиумот првенствено се користи како катализатор кај бензинските мотори, додека платината се користи во дизел моторите. Во развиениот свет, бензинските мотори се популарни веќе некое време, што има значително позитивно влијание врз побарувачката за паладиумот.

Се построгите стандарди за емисијата на гасови во Европа и Кина вршат притисок за префрлување на бензинските мотори. Снабдувањето со паладиум, од друга страна, е ограничено, а Русија и Јужна Африка се најголеми производители, што е еден од клучните фактори за постојаното зголемување на цените.

Најголемата пречка за понатамошниот раст на цената на паладиумот е неодамнешното забавување на светскиот економски раст и продолжената трговска војна. Овие фактори можат негативно да влијаат на автомобилската индустрија, а со тоа и на самата побарувачката за паладиумот.

Цената на паладиумот не покажува никакви знаци на опаѓање, но негативните економски податоци од САД објавени минатата недела испраќаат сигнал за предупредување. Меѓутоа, доколку американската економија продолжи да се развива, а Кина и САД постигнат трговски договор, постои значителна шанса цената на паладиумот да продолжи да расте во наредниот период.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот