Дали Озил веќе го одигра последниот меч за Арсенал!?

Последен пат Германецот во дресот на Арсенал играше на 7 март годинава во домашниот триумф над Вест Хем (1:0).

Денеска менаџерот на Арсенал, Микел Артета истакна дека ќе му биде тешко на германскиот интернационалец да се врати во екипата. Месут Озул не беше во конкуренција во составот на Артета во четири натпревари по ред.

Лондонските „топчии“ триумфираа во првите два меча од Премиер лигата, го совладаа и Лестер во третото коло од Лига купот, како и Ливерпул на пенали за трофејот на „Комјунити шилд“.

Тие дуели ги пропушти Озил, кој не играше ниту во завршницата од минатата сезона, кога во јуни продолжи натпреварувањето после паузата поради пандемијата на коронавирус.

Последен пат Германецот во дресот на Арсенал играше на 7 март годинава во домашниот триумф над Вест Хем (1:0). Артета го објасни отсуството на Озил од екипата.

Прочитајте и...  ВИДЕО: Ливерпул им се врати на победите во Премиер лигата!

– Тимот се развива, можете да видите на кое ниво достигнува. Сакаме да се развиваме повеќе, да играме подобро и мора да го задржиме тоа. Избираме играчи за кои веруваме дека се најдобри за секој натпревар. Се гледа дека играчите се менуваат, тешко е секоја недела, не само за Месут, туку и за некои играчи, да влезат во тимот. Секоја недела се обидуваме да ги избереме вистинските играчи. Ги разбирам и почитувам прашањата, но мора да се обидам да си ја завршам работата што е можно поискрено – рече менаџерот на Арсенал, Артета.

Има договор со клубот до 30 јуни 2021 година и моментно според „Трансфермаркт“ вреди 12 милиони евра. Трипати го освои ФА купот, а беше и финалист во Лига Европа во сезоната 2018/19.

Прочитајте и...  ИСТОРИЈА: Хамилтон го собори рекордот на Шумахер!

Поврзани вести

Гризман не знае да игра фудбал во Барселона

Зоран Спасоски

Во Романија досуден најсмешниот пенал во историјата (ВИДЕО)

Слободен печат

Лазаров даде десет гола но неговиот Нант е поразен

Слободен печат

Генијална акција во Холандија, фудбалери играа пред 15.000 плишени мечиња на трибините (ФОТО)

Слободен печат

ХУМАН ГЕСТ: Мајкл Џордан отвори втор медицински центар за лица без здравствено осигурување

Слободен печат

ФАРЕ кампања: „Фудбалски луѓе“, во организација на ФФМ и МЦКР

Слободен печат

Остави Коментар