Дали оваа земја има најдобра стапка на смртност од коронавирусот?

Виена, Австрија / EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Стапката на смртност на пациентите со Ковид-19 во Австрија е најдобра во светот, вели експертот за јавно здравје Армин Фидлер.

Тој вели дека Австрија, со 71 починат на еден милион жители е за 30 отсто подобра од соседна Германија.

Виена, Австрија / Април 2020 / Фото: EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Фидлер на прес-конференција за медиумите рекол дека на пример во Италија, Шпанија и Велика Британија можело да се види што може да се случи доколку мерките за спречување на вирусот не се преземат на време.

Експертот ја посочи и ситуацијата во САД, наведувајќи дека една студија покажува дека Америка можела да спречи смрт на 36.000 луѓе ако ги применила своите мерки една недела порано.

Фидлер истакнува дека причината за успех на Австрија била неверојатната дисциплина на жителите. Во Виена во првата недела од воведувањето на ограничувања на слободата на движење, социјалната мобилност паднала на три отсто.

Виена, Австрија / Април 2020 / Фото: EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Кога станува збор за Шведска, либералниот пристап довел до тоа, како што истакна Фидлер, да има повеќе од пет пати повеќе починати отколку во Австрија, а ниту економијата не е во подобра позиција.

„Никој не знаеше кој е вистинскиот пат“, констатираше експертот и додаде дека поединечни мерки можеби биле и претерани, но мора да се има на ум дека секој ден нешто ново се учи за коронавирусот.

Стокхолм, Шведска / Април 2020 / Фото: EPA-EFE/ANDERS WIKLUND SWEDEN OUT

Најмногу ризици Фидлер гледа во прославите, но и во посетите на цркви, па свадби и погреби.

„Посебна опасност од заразата постои секаде каде има многу луѓе и каде заедно пеат, односно разговараат“, објасни тој.

Фидлер кој е советник на владата на австриската покраина Форарлберг, наведе дека моментално низ светот има 105 проекти за пронаоѓање на вакцина против коронавирусот.

„Се уште не е сигурно дека во блиска иднина ќе добиеме вакцина“, предупредува експертот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот